![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/be/Aachen_Germany_Imperial-Cathedral-01.jpg/640px-Aachen_Germany_Imperial-Cathedral-01.jpg&w=640&q=50)
Ахенска катедрала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ахенска катедрала (германски: Aachener Dom) – римокатоличка црква во Ахен, Германија, епископско седиште на римокатоличката диоцеза во Ахен.
Ахенска катедрала | |
---|---|
Aachener Dom | |
![]() Катедралата во 2014 година | |
Основни податоци | |
Место | Ахен, Германија |
Координати | 50°46′29.1″N 6°5′2.12″E |
Припадност | римокатоличка |
Митрополија | Ахенска диецеза |
Осветен | 805 |
Архитектонски тип | катедрала |
Архитектонски стил | каролиншка, отонска, готска |
Поставен темел | 796 |
Должина | 73 m |
Ширина | 56 m |
Кули | 1 |
Висина на кулата | 72 m |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Критериум | Cultural: i, ii, iv, vi |
Навод | 3 |
Запис | 1978 (II заседание) |
Површина | 0,2 ha |
Преоден појас | 67 ha |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/37/Aachener_Kaiserdom.png/640px-Aachener_Kaiserdom.png)
Катедралата се состои од неколку градби, кои биле создавани од ерата на раниот среден век до денешно време. Каролиншкиот осумаголник, порано познат и како Палатинска капела [1] на кралската палата во Ахен, е најважниот архитектонски пример за каролиншката ренесанса. Карло Велики ја зел централната зграда и западната зграда изградена на крајот на осмиот век како јадро за неговата палата. Поставувањето на камен-темелникот било во 795 година, а градењето завршило околу 803 година.[2][3] Каролиншката палатинска црква е опкружена со неколку доградби од подоцнежните времиња, вклучувајќи ја и салата за готскиот хор на исток.
Катедралата стара повеќе од 1200 години е хетерогено изградена, нејзината градба била под влијание на повеќе епохи и таа претрпела повеќе разрушувања, доградувања и била повеќепати уредувана. Функцијата на црквата се менувала многупати во текот на историјата, на почетокот била Каролиншка палатинска капела, а денес се води како епископска црква. Како место на култот на Карло, колегиумската црква од 936 до 1531 била место каде што се крунисувале римско-германските кралеви. На почетокот на 19 век оваа градба била прогласена за катедрала.