Асиметрична дигитална претплатничка линија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Асиметрична дигитална претплатничка линија, АДПЛ, (англ. ADSL Asymmetric Digital Subscriber Line) е облик на ДПЛ, технологија за комуникација на податоци која врши пренос на истите преку бакарна телефонска жица преку модем.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Разликата помеѓу АДПЛ и другите xДПЛ-и e во тоа што протокот на информации во една насока е поголем од протокот во друга, т.е. во тоа што е асиметричен. Затоа АДПЛ се користи за пасивно користење на интернет со можност за брзо „преземање“, но не и подигање.
Постојат технички и маркетиншки причини зошто АДПЛ-от е чест вид на интернет насекаде. Од технички причини, поверојатно е да има интерференција од страната на други кола како ДСЛАМ (каде жиците од повеќе локални јазли се близу една од друга) отколку во просториите на корисниците. Затоа сигналот за подигање е најслабиот и најбучниот дел од локалниот јазол, додека преземачкиот сигнал е најјакиот и најбучниот дел. Затоа е технички издржано за ДСЛАМ-от да пренесува со поголема брзина отколку што пренесува модемот од другата страна. Бидејќи типичниот домашен корисник претпочита побрзо преземање, АДПЛ е полуларен колку што е.
Кај конвенционалниот АДПЛ, брзините на преземање почнуваат од 256 кбит/с и типично достигаат до 8 Мбит/с во рамките на 1.5 км од централата со ДСЛАМ опрема или далечнскиот терминал. Брзините на подигање почнуваат од 64 кбит/с и типично достигнуваат до 256 кбит/с, но може да достигнат до 1024 кбит/с. Називот АДСЛ Лајт понекогаш се користи за побавни верзии. Забелешка: растојанијата се само проценки наменети за потрошувачите на АДСЛ услуги. Слабеењето на соодносот на сигналот и буката се главните одлики и можат да варираат тотално независно од растојанието (како на пр. не-бакарни кабли, пречник на каблите). Практичните перформанси зависат од претстојноста на линијата, која може динамички да се менува во зависност од временските прилики (за стари линии) или бројот и квалитетот на спојките и разводниците при дадена должина на кабел. Поновата варијанта се нарекува АДСЛ2 која дозволува поголема брзина на преземање до 12 Мбит/с во полупречник помал од 2,5 км. Повисоките симболски стапки и понапредната бучна модулација се тоа што ја прави оваа линија брза. АДСЛ2+, исто така позната како ИТУ Г.992.5, одзволува стапка на преземање до 24 Мбит/с во полупречник помал од 1.5 км. АДСЛ2+ исто така нуди опции за безшевно спојување, и им дозволува на линиите со повисока стапка на слабеење или понизок сооднос на сигнал и бука да се спојат заедно за теоретски да го достигнат севкупниот број на линии (т.е. до 50 Мбит/с за две линии, итн.), како и опции во контролата на силата и безчевна адаптација на стапките — промена на стапката на пренос на податоци без ресинхронизација.
DSL технологии | |
---|---|
Стандард | |
ADSL | ANSI T1.413 Issue 2 ITU G.992.1 (G.DMT) ITU G.992.2 (G.Lite) |
ADSL2 | ITU G.992.3/4 ITU G.992.3 Annex J ITU G.992.3 Annex L |
ADSL2+ | ITU G.992.5 ITU G.992.5 Annex M |
HDSL | ITU G.991.1 |
HDSL2 | |
IDSL | |
MSDSL | |
PDSL | |
RADSL | |
SDSL | |
SHDSL | ITU G.991.2 |
UDSL | |
VDSL | ITU G.993.1 |
VDSL2 | ITU G.993.2 |
Заради релативно ниската стапка на пренос на информации (во споредба со оптичките мрежи), АТМ е соодветна тенологија за мултиплексирање на податоци од временска важност како дигитален глас со податоци од не толкава временска важност како веб сообраќај; АДСЛ-от често се развива заедно со АТМ-от за да се запази оваа можност и во иднина. Во тројно сценарио, разни АТМ виртуелни кола (ВК) се доделуваат за разни услуги.
Во последно време мрежните оператори се оддалечуваат од АТМ и се приближуваат кон Етернет-заснован решенија, каде 802.1К и/или ВПЛС нуди решенија за мултиплексирање. Главната причина за оваа промена е заштеда на трошоци и можноста за отфрлање на постарата и поскапа АТМ мрежа.
Услужниците на АДСЛ услуги може да нудат статичка или динамичка IP-адреса. Статичката адресура се препорачува на луѓе кои сакаат да се поврзат со нивната канцеларија преку виртуелна приватна мрежа, за некои интернет игри, и за оние кои сакаат да користат АДСЛ за вдомување на мрежен опслужувач.