Аристотелов корморан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аристотеловиот корморан (Phalacrocorax aristotelis) е вид на корморан. Се размножува на карпестите брегови на западна и јужна Европа, југозападна Азија и северна Африка, а најчесто презимува во рамките на териториите каде се размножува, освен најсеверните популации од оваа птица.
Аристотелов корморан | |
---|---|
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Пеликановидни |
Семејство: | Phalacrocoracidae |
Род: | Phalacrocorax |
Вид: | P. aristotelis |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Phalacrocorax aristotelis (Linnaeus, 1761) | |
- a0b0ff"
- a0b0ff"
Ова е средноголема црна птица, долга 68–78 cm и со распон на крилјата од 95–110 cm. Има долга опашка и жолта дамка на грлото. Возрасните поседуваат мала качулка во сезоната на размножување. Се разликува од големиот корморан по тоа што е помал, полесен, има потенок клун и (кај возрасните единки во период на размножување) по качулката и металик-зелениот одблесок на пердувите. Младите единки поседуваат потемен стомак. Опашката има 12 пердуви, а таа на големиот корморан 14.
Се храни од морето, и, за разлика од големиот корморан, ретко се наоѓа повнатре на копното. Ќе презими на секој брег каде има доволни количества риба.
Аристотеловиот корморан е еден од кормораните кои најдлабоко нуркаат (до 45 метри). Тие се исхрануваат со бентосни организми, односно го наоѓаат пленот на морското дно. Јадат многу видови на риби, но нивен најчест плен е песочната јагула. Би пропатувале многу километри од местото на живеење во потрага по храна.