Арапско-израелски конфликт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Арапско-израелскиот конфликт (арапски: الصراع العربي الإسرائيلي; хебрејски:.. הסכסוך הישראלי-ערבי) — конфликт составен од политички тензии, воени конфликти и спорови меѓу голем број арапски земји и Израел. Корените на тековниот арапско-израелски конфликт се должи на порастот на ционизмот и арапскиот национализам кон крајот на XIX век. Дел од спорот произлегува од спротивставените тврдења на Израел од една страна и арапските земји од друга страна околу територијата каде била создаден Израел во 1948 година. Територијата се смета од страна на еврејскиот народ како татковина на нивните предци, а од друга страна и истото го сметаат и пан-арапските движења, на чело со Палестина поддржани од муслиманските арапски земји[7].
Арапско-израелски конфликт | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Инфилтрирани страни во Арапско-израелскиот конфликт |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
* Израел
Поддржани од: | Палестински Протекторат (1948–59)
Појасот Газа (2006–)
Поддржани од : |
||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
| |||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
≈22,570 воени смртни случаи[2] | 91,105 арапски смртни случаи[5] | ||||||||
Вкупно од двете страни: 74,000 воени смртни случаи 18,000 цивилни жртви (1945–1995)[6] |
Секташкиот конфликт меѓу палестинските Арапи и Евреи се појавил во почетокот на XX век, а во поголем обем започнал во 1947 година по кое продолжил и во наредната година, каде по нејзиниот крај Израел прогласил независност. Големите непријателства најчесто завршувале со договорите за прекин на огнот по Јомкипурската војна во 1973 година. Биле потпишани договори за мир меѓу Израел и Египет во 1979 година, што резултирале со повлекување на Израел од Синајскиот Полуостров и укинување на системот на воена власт во Западниот Брег и појасот Газа, во корист на израелската цивилна администрација и како последица на тоа едностранa анексија на Голанската Висорамнина и Источен Ерусалим.
Природата на конфликтот се префрлила во текот на годините во поголеми размери, и регионално од арапско-израелски конфликт на израелско-палестински конфликт, кој го достигнал својот врв во текот на 1982 година (Израелско-либанска војна (1982)). Во Осло било договорено создавање на национален палестинскиот орган во 1994 година, во контекст на израелско-палестинскиот мировен процес. Истата година Израел и Јордан постигнале мировен договор. Примирјето во голема мера се одржило помеѓу Израел и партијата Баас од Сирија, како и со Либан од 2006 година, но развојот на настаните во текот на граѓанската војна во Сирија ја реконструирале ситуацијата бидејќи била прогласена Сириска Арапска Република, а овде биле и силите на Хезболах и Сириската опозиција.
Конфликтот меѓу Израел и Хамас за Газа од 2014 година за прекин на огнот исто така се смета за дел од израелско-палестинскиот конфликт, а со тоа и на арапско-израелскиот конфликт.