Палестинската ослободителна организација (ПЛО) е палестинска политичка и воена организација. Основана од Арапската лига во 1964 година, нејзината првична цел беше уништување на Државата Израел по пат на вооружена борба и воспоставување на независна палестинска држава на територијата помеѓу Средоземното Море и реката Јордан. Подоцна, во 1988 година ПЛО го менува овој став и како своја цел го прифаќа решението за две држави на израелско-палестинскиот конфликт, при што Израел и Палестина би постоеле една покрај друга.

Thumb
Ориент Хаус, поранешен штаб на ПЛО во Ерусалим

На чело на Извршниот комитет на ПЛО од 1969 до неговата смрт во 2004 беше Јасер Арафат. Негов наследник на оваа функција е Махмуд Абас.

Членки на ПЛО

Во ПЛО членуваат повеќе одделни воени и политички организации, кои често се нарекуваат фракции. ПЛО нема централизиран процес на донесување одлуки што би и’ овозможило да ги контролира овие фракции, но тие имаат обврска да се придржуваат до Повелбата на ПЛО и до одлуките на Извршниот комитет. Членството во ПЛО флуктуира и одредени организации ја напуштаат Организацијата или го суспендираат членувањето во неа за време на политичките турбуленции за најчесто подоцна повторно да се приклучат кон ПЛО. Сепак, не сите активисти на ПЛО се членови и на нејзините одделни фракции.

Во овој момент, во ПЛО членуваат:

  • Ал Фатах – најголема фракција, центристичка и националистичка
  • Народниот фронт за ослободување на Палестина – втора по големина, радикално милитантна и комунистичка
  • Демократскиот фронт за ослободување на Палестина – трета по големина, комунистичка
  • Палестинската народна партија – поранешни комунисти, не-милитантна
  • Палестинскиот ослободителен фронт – фракцијата на Абу Абас, левичарска фракција
  • Арапскиот ослободителен фронт – поврзан со ирачката БААС партија
  • Ас Саика – просириска фракција
  • Палестинскиот демократски сојуз – мала левичарска, немилитантна фракција
  • Палестинскиот фронт на народната борба – мала левичарска фракција
  • Палестинскиот арапски фронт.

Поранешни членки на ПЛО беа:

  • Народниот фронт за ослободување на Палестина – Главна команда
  • Фракцијата Фатах интифада/Абу Муса

Поврзано

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.