теќе во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Арабат Баба или Серсем Али Баба теќе — дервишко теќе кое се наоѓа на излезот од Тетово кон Гостивар, во подножјето на планината Шара. Теќето е изградено во втората половина на 18 век од Реџеп паша и неговиот син Абдурахман паша кои се спомнуваат и во врска со изградбата на Шарената џамија во Тетово, како и Тетовското кале.
Арабати баба-теќе | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Тетово, Македонија |
Припадност | ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | теќе |
Архитектонски стил | отоманска |
Завршен | 1538 |
Според податоците во Теќето живееле околу 15 дервиши, на чии чело стоел старешина - баба. Дервишите биле прочуени како благородни, мирни и гостољубиви луѓе. Теќето се викало Арабат затоа што навидум неговиот основач бил сиромав човек со скината облека по име Алија, а така облечените луѓе Турците ги викале арабат. Поради тоа теќето го добило името Арабат-теќе. Постои и теорија според која градењето на теќето било започнато од страна на Серсем Али баба.
Теќето претставува комплекс од верски објекти, групирани околу турбето на Серсем Али баба, дервиш кој припаѓал на редот Бектеши. Од овие објекти денес се сочувани: шадрван, богомоља, турбе, кула, чешма, кујна-трпезарија; гостински конак; дервишхане; харемлак.
Во текот на 120 години, во теќето живееле бектеши кои ги учеле тајните на својата секта која е една од најзначајните меѓу повеќе од дванаесетте познати дервишки секти. Дервишите се познати по нивниот посебно негуван култ кон починатите баби и шехови. Еднаш во годината, во спомен на имамот Хусеин и неговото семејство кои биле заклани во Кербери, Сирија, дервишите ја вршат богослужбата во чии рамки е и молитвата која се одвива со ритмичка музика и движења, при што тие, спомнувајќи го бога и нишајќи се лево-десно, напред-назад, паѓаат во мистичен занес и на крајот се бодат со игли и други остри предмети по телото.
Активниот дервишкиот живот во теќето се задржал до 1912 година. Во 1941 бил обновен и траел сè до 1945 година кога теќето целосно е напуштено.
Денес во комплексот на теќето е сместен Народниот музеј на град Тетово.
Арабати Баба Теќе за време на превирањата во Македонија на почетокот од 21 век беше заземено од ОНА. Во борбите покрај делумното уништување на Шарена џамија, не беа поштедени ниту Теќето, ниту Тетовското Кале.
Националниот конзерваторски центар во 2007 година ќе изврши непоходни конзерваторски зафати на шадрванот во Арабати баба теќе, како и на самото теќе.
„Арабати баба-теќе“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.