Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теќе[1] или текија[2] (турски: tekke) – исламска сакрална градба, која служи за собирање на дервиши (суфии), следбеници на исламскиот мистицизам, религиозно-филозофски правец во самиот ислам.[3]
Во почетокот дервишите своите обреди ги вршеле во споредните делови на џамиите, кои се нарекувале со арапското име „завии“ или „рибати“, а подоцна за овие потреби се воспоставиле посебни простори кои се нарекувале теќиња. [3] Во состав на теќето се наоѓа: просторија за заеднички обреди (семахана) во која во ѕидот е сместен михработ за заедничко богослужење; стан за чуварот или главниот дервиш (шејх), и за останатите дервиши (рибит), за подучување (медреса), понекогаш со (мусафирхан); просторија за патници-намерници во поголемите теќиња, и јавна добротворна кујна (имарет).
Покрај теќето се наоѓало турбе, како и помали гробишта за поугледните дервиши. Дервишите престојувале во теќето во точно одредени денови во неделата и годината и во таа смисла не може да се поистоветува со манастирите во христијанството, имајќи предвид дека исламот не познава испоснички и калуѓерски живот.[3]
Најпознати теќиња во Македонија се Арабати баба-теќе во Тетово и Руфаиското теќе во Скопје.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.