From Wikipedia, the free encyclopedia
Ан-225 Мрија (украински: Ан-225 Мрія, НАТО назив: Козак) е стратешко транспортно летало кое било конструирано од Антонов, и претставува најголем досега конструиран авион, според најприфатливата и најприфатената мерка [1], максимална вкупна тежина при полетување. Дизајнот, наменет за транспорт на вселенскиот орбитер Буран, претставува зголемена верзија на Ан-124 Руслан. Мрија (Мрія) значи „сон“ (мечта, инспирација) на украински.
Ан-225 Мрија | |
---|---|
Антонов-225 на Минхенскиот аеродром | |
Тип | Стратешки транспортер |
Производител | Антонов |
Прв лет | 21 декември 1988 |
Статус | Во употреба |
Главни корисници | Антонов Ерлајнс (1) |
Произведени | 1 (и втор делумно конструиран) |
Разработил | Антонов Ан-124 |
Со максимална вкупна тежина од 640 тони, Ан-225 е најтешкото и најголемото летало во светот. Хјуз H-4 Херкулес, попознат како „Смречна гуска“ (Spruce Goose), имал поголем распон на крилата и поголема просечна височина, но е значително покус, а и полесен поради тоа што бил конструиран од полесни материјали. Покрај тоа, Херкулес летал само еднаш, и не многу високо, со што Ан-225 е најголемото летало во светот кое полетало повеќепати.[2] Ан-225 е исто така поголем отколку патничкиот авион Ербас А380, и значително поголем отколку Антонов Ан-124, 747-400ЕРФ, Ц-5 Галакси, најблиските еквивалентни тешки товарни авиони.
Во ноември 2004, FAI го сместила Ан-225 во Гинисовата Книга на Рекорди поради своите 240 рекорди.
Ан-225 бил дизајниран за Советската вселенска програма како замена за Мјасишчев ВМ-Т. Способен да ги подигне деловите на ракетата Енергиа и шатлот Буран, неговата мисија и цели биле скоро идентични на оние на Ербас Белуга и американскиот авион носач на шатл.[3]
Ан-225 е продолжение на неговиот претходник Ан-124. За да се справи со потребите на неговата нова улога, биле додадени додатоци во вид на буре на трупот погоре и подолу од крилата, кои исто така биле продолжени во внатрешноста на трупот.[3] Уште два Лотарев Д-18 мотори биле додадени на новите основи на крилата, со што авионот имал шест, и бил дизајниран систем на опрема за слетување со зголемен капацитет со 32 тркала. Задната товарна врата и рампа на Ан-124 биле отстранети за да се заштеди на тежина, и опашката била променета од единечен вертикален стабилизатор во двојна опашка со прекумерен хоризонтален стабилизатор. Двојната опашка станала потребна со оглед на тоа што било потребно да се пренесуваат многу големи и тешки надворешни товари, кои би ја нарушиле аеродинамиката на нормална опашка. За разлика од Ан-124, Ан-225 не бил наменет за тактичко пренесување на товар.
Ан-225 летал за првпат на 21 декември 1988. Биле нарачани две летала, но само еден Ан-225 (број на опашка UR-82060[4]) е моментално во употреба. Авионот е комерцијално достапен за употреба при пренесување на ултра-тежок и прекумерен товар, до 250.000 кг внатрешно[3] или 200.000 кг на горниот дел од трупот. Товарот на горниот дел од трупот може да достигне должина до 70 m.[5] Втор Ан-225 бил делумно конструиран за време на доцните 1980-ти за употреба од страна на Советската вселенска програма. По распадот на Советскиот Сојуз во 1990 и откажувањето на вселенската програма Буран, единствениот Ан-225 бил затворен во хангар. Шесте мотори од марката „Лотарев“ биле отстранети за употреба на авиони Ан-124, и рамката на вториот Ан-225 (блиску до комплетирање, без мотори) била исто така расклопена.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.