From Wikipedia, the free encyclopedia
Андромеда I ― џуџеста сфероидна галаксија[5] оддалечена околу 2,40[4] милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда. Андромеда I е дел од Месната Група и придружна галаксија на галаксијата Андромеда (М31). Таа е приближно 3,5 степени јужно и малку источно од М31.[6] Почнувајќи од 2005 година, таа е најблисктаа позната џуџеста сфероидна галаксија која е придружник на M31[7] на проценетата оддалеченост од ~40[4] kpc или ~150.000[6] светлосни години.
Андромеда I | |
---|---|
Андромеда I фотографирана од страна на Хабл | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Андромеда |
Ректасцензија | 00ч 45м 39,8с[1] |
Деклинација | +38° 02′ 28″[1] |
Црв. помест. | -368 ± 11 км/с[1] |
Оддалеченост | 2.40 ± 0.08 Mly (735 ± 23 kpc)[2][3][4] |
Привидна величина (V) | 13.6[1] |
Особености | |
Тип | Џуџеста сфероидна галаксија |
Привидна големина (V) | 2′.5 × 2′.5[1] |
Забележливи особености | Придружна галаксија на M31 |
Други ознаки | |
And I,[2] Anon 0043+37,[1] PGC 2666[1] |
Андромеда I била откриена од Сидни ван ден Берг[8] во 1970 година со телескоп од 122 цм на Паломарското набљудувалиште.[5] Понатамошно проучување на Андромеда I било направено од камерата WFPC2 на вселенскиот телескоп Хабл. Ова открило дека хоризонталните гранки ѕвезди, како и другите џуџести сфероидни галаксии биле претежно црвени.[9] Од ова, и изобилството на сини хоризонтални гранки ѕвезди, заедно со 99 ѕвезди RR Лире откриени во 2005 година,[7] довело до заклучок дека постои продолжена епоха на создавање на ѕвезди. Проценетата возраст е приближно 10 Gyr. Телескопот Хабл, исто така, пронашол збиено јато во Андромеда I, што е најмалку светлечката галаксија каде што е пронајдено такво јато.[10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.