истакнат шведски сликар From Wikipedia, the free encyclopedia
Андерс Леонард Цорн (шведски: Anders Leonard Zorn; 18 февруари 1860 – 22 август 1920) — еден од најистакнатите шведски уметници со меѓународен углед како сликар, вајар и бакрорезец.
Андерс Цорн Anders Zorn | |
---|---|
„Автопортрет во црвено“ (1915) | |
Роден(а) | Андерс Леонард Цорн 18 февруари 1860 Мура, Шведска |
Починал(а) | 22 август 1920 60) Стокхолм, Шведска | (возр.
Националност | Швеѓанец |
Образование | Кралска академија на ликовните уметности, Стокхолм |
Познат(а) по | сликарство вајарство бакрорез |
Награди | Легија на честа |
Цорн е роден во Ивраден, маало во селото Утмеланд, во околината на Мура (покраина Даларна) и израснал на имотот кај баба му и дедо му. Основното образование го стекнал во Мура, а гимназија завршил во Еншепинг.
Од 1875 до 1880 Цорн ја посетувал Кралска академија на ликовните уметности во Стокхолм. Патувал на разни места како Лондон, Париз, на Балканот, Шпанија, Италија и САД, и стекнал меѓународен углед како еден од најистакнатите сликари на своето време. Најпрвин работел во акварел, но од 1887 почнал да слика со маслени бои. Сликал портрети, битови тематики од селскиот живот и народните обичаи. Особен успех му донеле голите актови и реалистичното доловување на водата.
Меѓународната слава главно ја стекнал како портретист, и тоа поради неговата моќ да продре во карактерот на личноста. Меѓу другото, насликал и тројца американски претседатели. На возраст од 29 години добил витештво на Легијата на честа на Светската изложба во Париз (1889).
Успехот му донел и богатство, па затоа Цорн успеал да насобере голема збирка од разни уметнички дела од домашни и странски автори, чии дела ги набавувал кога патувал. Во заеднички тестамент, Цорн и сопругата го подариле сиот свој имот на шведската држава.
Најважните негови дела стојат во Националниот музеј на уметноста (Nationalmuseum) во Стокхолм. Тука се вбројува и познатата слика „Иванденски танц“ (1897) каде се претставени селани како играат на квечерина по повод празникот Иванден (летна рамноденица). Други поважни негови дела се сместени во музејот Орсе во Париз, музејот Метрополитен во Њујорк и Музејот на фините уметности во Бостон. Во Мура (Шведска) се наоѓа музејот „Цорнови збирки“ (Zornsamlingarna) посветен на неговите дела. Објектот и поставките се дело на истакнатиот архитект Рагнар Естберг.
„Цорнгорден“ (Zorngården) е семеен имот на Цорн и сопругата во Мура. Куќата е завршена во 1910, инспирирана од шведската и англиската архитектура, и претставник на архитектонската слобода на почетокот на XX век.
Главниот дел од имотот се состои од куќата и музеј посветен на неговите дела, но делови од збирката се распоредени и во други музеи. Во јужниот дел на Мура се наоѓа делот наречен Гамелгорден („стар имот“), кој се состои од четириесетина брвнари кои Цорн ги купил со намера да ги зачува во наследство, за да не се заборави овој традиционален начин на градење. Покрај ова, дел од збирката е сместен и во Цорновото прибежиште Гопсмур (општината Елвдален) отворено за посетители во јули.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.