![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/27/Brown-The_Seeds_and_Fruits_of_English_Poetry.jpg/640px-Brown-The_Seeds_and_Fruits_of_English_Poetry.jpg&w=640&q=50)
Англиска поезија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на англиската поезија започнува од средината на VII век и трае до денешен ден. Англиската поезија, како и англискиот јазик, се проширени на глобално ниво и поради ова, терминот Англиска поезија добива двојно значење: поезија напишана во Англија или поезија напишана на англиски јазик.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/27/Brown-The_Seeds_and_Fruits_of_English_Poetry.jpg/640px-Brown-The_Seeds_and_Fruits_of_English_Poetry.jpg)
Најраната поезија на територијата на денешна Англија била пренесувана усно, а потоа биле запишувани разни верзии кои денес не постојат. Поради тоа, тешко е да се одреди точно од кога датира најстарата англиска поезија. Најстарите ракописи кои се зачувани се од X век. Поеми напишани на латински, бритонски (претходник на велшкиот) и староирски јазик се зачувани и датираат од VI век. Најстарата поезија на англосаксонски, најдиректниот претходник на современиот англиски јазик, се верува дека е создадена некаде во VII век.
Со развитокот на трговијата и британската империја, англискиот јазик почнал да се користи и надвор од Англија. Во XXI век, само мал процент од писателите чиј мајчин јазик е англиски живеат во Англија, а има и сѐ повеќе автори чиј мајчин јазик не е англиски, но сепак пишуваат на англиски. Се развиваат и американска, австралиска, новозеландска, канадска и индиска поезија. Од 1921 година, и на ирската поезија се гледа како на посебна научна област.
Во оваа статија, најмногу се става фокус врз поезија од автори кои биле родени или поминале поголем дел од својот живот во Англија. Но поради разновидната природа на темата, во овој краток водич има и преглед на поезијата од други земји.