Англиканство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Англиканство или англиканизам — еден од насоките на протестантизмот што се појавил за време на Реформацијата во Англија.[1] Англиканските цркви имаат посебна историска врска со Црквата на Англија и со неа се обединети со заедничко богословие, богослужба и црковна структура.[2] Изразот „англиканство“ се враќа на латинската фраза ecclesia anglicana, чие прво спомнување потекнува од 1246 г. и буквално значи „англиска црква“. Следбениците на англиканството се нарекуваат „англиканци“, а исто така и „епископалци“. Огромното мнозинство англиканци припаѓаат на цркви што се дел од Англиканската заедница, која е меѓународна по природа.[3][4]
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||