Ананд „Сеч“ Сатјананд (англиски: Anand "Satch" Satyanand GNZM, р. 22 јули 1944 во Окленд) — поранешен генерален гувернер на Нов Зеланд. Пред тоа бил правник, судија и народен правобранител.
Почитуван Сер Ананд Сатјананд GNZM QSO, KStJ | |
---|---|
XIX Генерален гувернер на Нов Зеланд | |
На должноста 23 август 2006 – 31 август 2011 | |
Монарх | Елизабета II |
Премиер | Хелен Кларк Џон Ки |
Претходник | Силвија Картрајт |
Наследник | Џери Матепарае |
Лични податоци | |
Роден(а) | 22 јули 1944 Окленд, Нов Зеланд |
Сопружник | Сузан Шарп, QSO |
Установа | Оклендски универзитет |
Професија | правник судија народен правобранител |
Вероисповед | католик[1] |
Дошол на местото на Дејм Силвија Картрајт како генерален гувернер на Нов Зеланд на 23 август 2006. Првиот нацрт-закон на кој тој дал Кралска согласност бил „Coroners Bill“[2]. На функцијата се задржал до 31 август 2011, кога на гувернерското место дошол генерал полковник Сер Џери Матепарае, дотогашен началник на вооружените сили.
Сатјананд е првиот Генерален гувернер на Нов Зеланд од неевропско потекло и првиот кој нема витештво или дејмство. По скорешните промени, со земање на титулата Генерален гувернер, тој ја задржува титулата Почесен за цел живот Архивирано на 27 септември 2007 г.. Сатјананд е и првиот римокатолик на оваа функција. Архивирано на 27 септември 2007 г.
Роден е и израснал во Окленд во индо-фиџијанско семејство, со тоа што неговите баба и дедо се преселиле во Фиџи од Индија во 1911 год.
Сатјананд се обарзувал на Оклендскиот универзитет каде завршил право во 1970. Во текот на следните 12 години работел како правник, меѓу другото и во Јавното обвинителство.
Во 1982 бил поставен за окружен судија. Во 1995 бил назначен за народен правобранител и служел два рока од по 5 години. Помеѓу 2005 и гувернаторството, претседавал со Доверливиот Форум на некогашни пациенти-станари на психијатарските болници.
На 30 ноември 2006 бил домаќин на средба помеѓу тогашниот Премиер на Фиџи Лаисенија Карасе и командантот на војската, комодор Френк Баинимарама во Управниот дом во Велингтон, во обид за разрешавање на влошената состојба во Фиџи. Иако тој бил домаќинот, Сатјананд не учествувал во преговорите, туку на чело стоел Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс.[3] Сатјановиот гамбит била последната сериозна усилба од меѓународната заедница за спречување на воениот пуч кој следел на 5 декември.
Оженет е и има три возрасни деца.
Наводи
- Соопштение за печат од Бакингемската палата (англиски)
- Биографија (англиски)
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.