From Wikipedia, the free encyclopedia
Амрумски дијалект или емраншки — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на островот Амрум во областа Северна Фризија, Германија. Емраншки потекнува од фризиското име на Амрум (Oomram). Заедно со другите дијалекти — фериншки, зелриншки и халундски — го создава островското наречје на севернофризискиот јазик. Многу е сличен со фериншкиот дијалект. Амрумскиот е говорен од околу една третина од населението на Амрум (2.300 лица).
Амрумски дијалект | |
---|---|
Öömrang | |
Камен со строфа од „Min Öömrang Lun“, традиционална песна од островот Амрум | |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Амрум, Северна Фризија |
Говорници | околу 800 |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Linguasphere | 2-ACA-dba[1] |
Севернофризиски дијалекти |
Имињата на Амрум сè уште се под силно влијание на фризискиот јазик. Чести се хипохористични имиња и имиња со два дела. Раните заемки биле направени од данскиот јазик и христијанизацијата на Северните Фризи околу 1000 година, кое донело умерено влијание на христијанските и библиските имиња. Со поморството, кое било развиено на островот, станале популарни и холандските и западнофризиските облици.[2]
Презимињата обично биле патроними, односно биле поединечно создавани како генитивен облик од името на таткото. Спротивно на скандинавските Петерсен или Петерсон, означувајќи „син на Петер“, емраншкото име како Петерс означува „на Петер“. Овој обичај бил забранет од данската власт во 1828 година.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.