From Wikipedia, the free encyclopedia
Америка де Кали е професионален колумбиски фудбалски клуб со седиште во Кали, кој во моментов се натпреварува во Категорија Примера А. Тие ги играат нивните натпревари на Стадионот Олимпико Паскуал Гереро.
Америка де Кали | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Америка де Кали С.А. | |||
Прекар | Црвени Ѓаволи | |||
Основан | 21 декември 1918 (како Америка Фудбал Клуб) 13 февруари 1927 (официјално) | |||
Стадион | Олимпико Паскуал Гереро Кали, Колумбија | |||
Капацитет | 33,130 | |||
Сопственик | Тулио Гомес (52%) | |||
Претседател | Марсела Гомез | |||
Тренер | Хорхе да Силва | |||
Лига | Категорија Примера А | |||
2023-II | 3-та (редовна фаза) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Америка де Кали е многу успешен клуб како во домашните, така и во континенталните натпреварувања. Со освоени четиринаесет национални првенства, тие се трето најуспешен тим во Колумбија. На континентално ниво, тие биле финалисти во Копа Либертадорес три последователни години во периодот 1985-1987 и во 1996 година, но во ниту едно од тие финалиња не излегле како победници. Тие на двапати загубиле од Ривер Плата, еднаш од Аргентинос Хуниорс (и двата тима од Аргентина) и еднаш со Пењарол од Уругвај. Тие конечно го освоиле првиот континентален трофеј по освојувањето на Копа Мерконорте во 1999 против локалните соперници Санта Фе.
И покрај недостатокот на континентални признанија, во 1996 година IFFHS го рангира Америка де Кали како втор најдобар клуб во светот, заостанувајќи само зад италијанскиот шампион Јувентус.[1] Во 2011 година, Америка стана најуспешниот колумбиски тим кој испаднал во локалната втората лига.
Клубот официјално бил основан во 1927 година, но трагите за потеклото на Америка Фудбалски Клуб потекнуваат од 1918 година. Америка има голем број на соперништва со тимовите во Колумбија, особено со градските соперници Депортиво Кали. Натпревари меѓу нив се познати како "Класико ваљекаукано". Во другите соперништва се вклучуваат оние со Атлетико Насионал и Миљонариос.
Во 1918 година, некои ученици кои присуствуваа на училиштето Colegio Santa Librada го основале клубот "ФК Америка", да се натпреварува против другите училишта. Тимот ја освоил Копа Сентарио Батаља де Бојака во 1919. Дресот на клубот бил светлосин со бели ленти, сини куси шорцеви, чорапи со сино-бели хоризонтални ленти.[2][3][4]
Америка де Кали е основан на 13 февруари, 1927 во една од најсиромашните населби во Кали. Откако биле протерани од регионалното првенство, Америка одлучиле да патуваат низ земјата за да се натпреваруваат со други колумбиски клубови. На 16 февруари, 1948, Америка станал првиот професионален клуб во Колумбија, значително придонесува во воспоставувањето на колумбиското државно првенство.
Америка, и покрај нејзината важна улога во националното фудбалско првенство каде го освоиле второто место, во 1960 не успеале да изборат квалификација за Копа Либертадорес до 1969. Во 1979, со назначувањето на тренерот Габриел Очоа Урибе, Америка го надминува периодот на почетен застој: во 12-те години во кои Очоа Урибе бил на функцијата, Америка ги освои својте први 7 (првата и уште 6 други) национални првенства. Америка, исто така стигнала до финалето на Копа Либертадорес трипати последователно во периодот помеѓу 1985 и 1987, губејќи во сите три случаја.
На 19 декември, 1979, Америка ја освои својата прва национална титула, на денот познат како Aquel 19, од насловот на една песна од Алберто Белтран. Навивачите го славеле долго насловот, кој го чекале со години, освоен со победата над Унион Магдалена. Пред освојувањето на националната титула, најголеми успеси за клубот биле победата со 5-0 против локалните соперници Депортиво Кали, сезоната која ја завршиле без ниту еден пораз во 1967, второто место во 1960 и 1969 и пласманот во Копа Либертадорес 1970.
По само три години по освојувањето на првата национална титула, Америка де Кали ќе ја освои и втората. Во еден студен и сив ден, тимот бил во Богота каде го играле натпреварот против Миљонариос. Победата дошла со резултат 1-0, и благодарение на резултатите на другите тимови конкуренти, Америка ја освои титулата.
Во 1983 клубот го обнови составот по повод Копа Либертадорес. Даниел Теглија, Клаудио Касарес, Вилингтон Ортиз, Рафаел Агудељо, Хенри Алапе, Хорхе Порас и Луис Антонио Марколата биле главните засилувања, заедно со бразилците Адемир Пратисио и Кокота. Елиминирањето во полуфиналето на тимот не влијаело на играчите кои ја освоиле национална титула во секој случај. Вилингтон Ортиз и Хуан Мануел Батаља одбележале 40 гола и тие двајцата го формирале убоитиот напад што придонел за освојувањето на титулата оваа година.
Со истата конфигурација на тактики, Америка де Кали ја освоиле својата четврта титула, под водство на Габриел Очоа Урибе. Во 1985, по завршување на сезоната на голем успех, клубот се нашол уште еднаш да има можност да ја освои титулата на последниот ден, во натпреварот против Атлетико Хуниор. Америка де Кали тогаш имал во составот двајца врвни играчи од средниот ред како Роберто Кабањас и Алекс Ескобар, и дошол до водство, Атлетико Хуниор се спротивставил со жесток отпор и го направи опасно второто полувреме, но на крајот Америка победи со 1-0, освојувајќи ја петтата титула.
Во 1986 Америка ја освои петтата титула по ред надминувајќи го претходниот рекорд од четири по ред од страна на Миљонариос. Освојувањето на титулата, пристигнала за време на натпреварот против соперниците Депортиво Кали, била пречекана со ентузијазам од страна на навивачите.
Првенството 1989 било суспендирано поради убиството на судијата Алваро Ортега. Во 1990, Америка де Кали ја освојува титулата, нивна последна со Габриел Очоа Урибе. По заминувањето на Урибе, Франциско Матурана го преземал раководството со клубот, и во 1992 ги води кон освојување на осмата титула во својата историја, со помош на Диего Умања. По пауза од пет години, Америка го освојува повторно првенството, триумфирајќи во првенството кој најдолго се играл некогаш во Колумбија (половина година), 1996 - 1997 победувајќи ја во финалето екипата на Атлетико Букараманга.
Во 1996, Америка беше назначен за второ рангиран клуб од IFFHS помеѓу клубовите, зад Јувентус. Во 1999, клубот стигнал до финалето на државното првенство против Атлетико Насионал, каде загубиле на пенали. Во 1999 Америка ја освојува својот прв континентален наслов, Копа Мерконорте.
На почетокот на 21. век позитивен момент од спортски аспект за тимот беше : всушност, Америка освои три последователни национални наслови. Во 2000 година ја освои својата десеттата титула. Во 2001 година ја освои својата единаесетта титула, победувајќи го во финалето Индепендиенте Медељин. Во 2002 година тимот го освои својот дванаесетти наслов: Америка ја освои Торно Апертура, првиот турнир во новиот "краток" формат победувајќи го во финалето Атлетико Насионал. Во 2008 Америка, предводена од Диего Умања чиј асистент бил Алекс Ескобар, се квалификувала за финалето на првенството во двата турнири од сезоната; во финалето на Торнео Апертура биле поразени на пенали од Бојака Чико; во финалето на турнирот финализацион се соочиле со Индепендиенте Медељин, кого го добиле во двата натпревари, освојувајќи го нивниот 13-ти наслов и сега имаат освоено повеќе титули на национално ниво од сите клубови во Колумбија освен од Миљонариос, кој во моментов има 14.
„Америка де Кали“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.