From Wikipedia, the free encyclopedia
Алфонс Габриел „Ал“ Капоне (17 јануари 1899 - 25 јануари 1947 ) бил најпознатиот американски криминалец од добата на „сувиот закон“ во САД.[1] Тој бил водачот на Чикашката мафија, која оперирала во 20-тите години од минатиот век во Чикаго и се занимавала со незаконска трговија со алкохол, проституција и изнудување рекет.[2]
Ал Капоне | |
---|---|
Роден | Алфонс Габриел Капоне 17 јануари 1899 Бруклин, Њујорк, САД |
Починал | јануари 25, 1947 48) Палм Ајланд, Флорида, САД | (возр.
Обвиненија | Даночна евазија |
Казна | 11 годишна затворска казна во Алкатраз |
Занимање | Гангстер, нелегален транспорт на алкохол, криминалец, рекетар, шеф на Чикашката мафија |
Сопружник | Мае Капоне |
Деца | Алберт Френсис Капоне |
Капоне е роден во Бруклин, сиромашна населба во Њујорк, како дете на италијански доселеници со неаполитанско потекло.[3] Од училиште бил избркан на 13 годишна возраст, по што се вклучил во локалните криминални банди.[4] Кога наполнил 20 години се преселил во Чикаго, каде заработувал шверцувајќи алкохол и покрај таквата забрана со закон. Покрај ова, поткупувал владини лица и се занимавал со организирана проституција.[5]
И покрај овие нелегални активности, Капоне станал видна јавна личност. Донирал парични средства во многубројни хуманитарни организации, со што го добил прекарот „современиот Робин Худ“. Неговиот јавен углед бил нарушен со аферата „Масакрот на Св. Валентин“ (1929), кога настанала вооружена престрелка помеѓу членови на неговиот клан и на фамилијата на ирецот Багз Моран. Во таа пресметка биле убиени седум членови на непријателската банда.
Во 1931 г. Капоне бил обвинет за даночна евазија и бил испратен во федералниот затвор, но бил ослободен во 1939.[6] Затворската казна ја издржувал во тогаш новоотворениот казнено-поправен дом Алкатраз. По ослободувањето, Капоне имал тешки физички и ментални нарушувања, кои дополнително се влошиле поради болеста невросифилис (кила на мозочното ткиво) која била во поодминат стадиум.[7] Починал на 25 јануари 1947, како последица на застој во срцевата работа, откако претходно претрпел мозочен удар.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.