Алиџерци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алиѓерце — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Се наоѓа на самата гранична линија меѓу Република Македонија и Србија, каде гравитира кон кумановскиот регион и Скопска Црна Гора. Селото лежи во подножјето на Рујан планина. Топографски е врзано за една суводолица. Вода за пиење населението добива од бунари, кладенци и чешми. Цветков Кладенец и Крони Иљачит (Лековит Извор) се наоѓаат надвор од селото. Тие имаат вода преку цела година. Шумите над село, што постоеле понапред, сега се исечени. Нивите и ливадите се околу куќи и во полето до реката Моравица. Топографски називи се: Ќерамидница, Бузалче, Мустачин, Брес и Ливада. Во атарот на селото се наоѓа и Коридорот 10 и селото се наоѓа лево од меѓународниот автопат Е75 кој води од Белград до Солун, преку Скопје. Во селото постои Џамијата Горно Алиѓерце, која служи како духовно место за Албанците во Централна Србија. Селото се наоѓа на 5 километри од градот Прешево.
Алиѓерце Алиђерце албански Geraj | |
---|---|
село | |
Координати: 42°17′27″N 21°44′00″E | |
Држава | Србија |
Округ | Пчињски Округ |
Општина | Општина Прешево |
Население (2002) | |
• Вкупно | 1.033 |
Час. појас | СЕВ (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) |
Повик. бр. | 017 |
Алиѓерце е село од собран тип. Куќите се групирани по соеви и по нив носат имиња селските делови.
Според пописот од 2002. селото имало 1033 жители (според пописот од 1991 селото имало 1072 жители).