Алесандро Петаки
друмски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Алесандро Петаки (италијански: Alessandro Petacchi; р. 3 јануари 1974 во Ла Специја, Лигурија) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Вини Забу.[1] Специјалист за спринт, Петаки има освоено 48 етапи на големите трки со победи и во бодовниот пласман на Џиро д’Италија во 2004, на Вуелта а Еспања во 2005 и на Тур де Франс во 2010. Исто така ги има освоено класиците Милано-Санремо во 2005[2] и Париз-Тур во 2007.[3] Неговата кариера трае 18 години во текот на која освоил 183 победи.[4]
Петаки на Брабантсе Пејл 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Алесандро Петаки | ||
Прекар | Але-Џет | ||
Роден | 3 јануари 1974(1974-01-03) (50 г.) Ла Специја, Италија | ||
Висина | 1,84 м | ||
Маса | 73 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Вини Забу | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Професионални клубови | |||
1996–1999 2000–2005 2006–2008 2008–2009 2010–2013 2013–2014 2015- | Скрињо-Блу Сторм Фаса Бортоло Тим Милрам ЛРП Бракес-Балан Лампре-Фарнезе Вини Омега Парма-Квик Степ Вини Забу | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 21 јануари 2015 |
Во 2007 година, Алесандро добил забрана за тркање и неговите постигнати резултати биле поништени поради допинг. Судот подоцна изјавил дека тој не мамел намерно, туку не обратил доволно внимание на употребата на неговите легални лекови за астма.[5] Го најавил своето повлекување како водечки спринтер на 23 април 2013 и го прекинал неговиот договор со Лампре-Мерида,[4][6] но размислувал за различна улога како велосипедист.[7] Повторно му се приклучил на професионалниот велосипедизам во август 2013, приклучувајќи ѝ се на екипата Омега Парма-Квик Степ.[8]