Александар Амфитеатров
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Валентинович Амфитеатров (26 декември 1862 - 28 февруари 1938 ) — руски писател, романописец и историчар, чие Книжевно творештво е големо и по обем и по разновидност.
Александар Амфитеатров е роден во Калуга, Русија, во 1862 г. Го завршил Правниот факултет во Москва, но никогаш не работел како правник, туку целиот живот го минал во патување и пишување. Автор е на бројни дела, од различен вид и на различна тема. Пишувал романи и патописи, исто како и извештаи за весниците.
Амфитеатров бил близок со врвната интелигенција на Царство Русија. Другарувал и бил личен пријател со Максим Горки, Иван Алексеевич Бунин , Антон Павлович Чехов . Неговите либерални ставови, кои биле неприфатливи за цврстиот политички режим во Русија, често му носеле и непријатности. По објавувањето на сатиричниот роман „Господата Обманови“, во кој го прикажува царското семејство, во 1902 година заработил неколкугодишно прогонство во Сибир.
По Октомвриската револуција не ги прифатил ниту новонастанатите општествени односи поради кое во 1920 година ја напуштил Русија засекогаш. Емигрирал во Италија, каде што имал често престојувано и порано, а таму го дочекал и крајот на животот. Починал во 1938 г. во Леванто.
Уште за време на животот, од страна на недобронамерните критичари бил омаловажуван како автор кој пишува многу, но без висок квалитет на неговите дела. Сепак, Амфитеатров има оставено бројни дела со несомнено висока литературна вредност, какви што се романите „Осумдесетгодишници„, „Деведесетгодишници“, „Залез на стариот век“ и други. Во 1911 год. се обидел сите свои дела да ги собере во едно издание од 37 томови. До 1916 год. излегле 34 тома, без одреден ред, а од непознати причини, недостигаат три тома: 21, 32 и 36. Поради неприфаќањето на советскиот режим, неговото име во татковината во времето на Советскиот Сојуз било непожелно и паднало во заборав. Неговите дела се реткост, како во библиотеките така и во сеќавањето на руската читателска публика.
Амфитеатров престојувал и на Балканот. Тука доаѓал четири пати, и секој пат испраќал написи за руските весници. Подоцна, своите извештаи ги објавил и во посебни книги.
Во 1903 год. објавил две книги во кои зборува за личности и настани од Балканот. Во книгата „Земја на раздорот“, објавена две години по неговиот прв престој во Македонија, Амфитеатров дава свој поглед на настаните во Македонија, како и за Македонците:
По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:
Амфитеатров на своите патувања по Балканот се среќавал со секакви луѓе, од најпростиот селанец до врвните државници на балканските земји. Ослободен од секакво еднострано влијание и без предрасуди, тој имал можност да дојде до сознанија за проблемите во и околу Македонија:
Ваквите отворени ставови, според кои Македонците се самостоен народ, колку близок толку подеднакво оддалечен и од Србите и од Бугарите, придонеле Амфитетаров да ги загуби своите српски и бугарски пријатели.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.