From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонците во Албанија или Албански Македонци се признаено народно малцинство [3][4]. Во пописот на населението од 1989 година, 4.697 луѓе се определиле како Македонци.[5] Најголеми привилегии како малцинство уживаат Македонците во општина Преспа, каде што претставуваат 99% од населението и го користат мајчиниот јазик, како признаен малцински јазик во Албанија.[6] Сепак македонските организации од Албанија предупредуваат, дека бројот на Македонците во Албанија е потценет и дека немаат сопствени претставници во албанските власти и парламент.[7] Луѓето кои се определиле како Македонци надвор од регионот на Мала Преспа, немаат статус на малцинство и малцински права.[8]
Кимет Фетаху · Едмонд Темелко | |
Вкупен број | |
---|---|
2,281 (попис 2023)[1][2] | |
Подрачја со значајно население | |
Мала Преспа, Голо Брдо, Гора | |
Јазици | |
македонски | |
Вероисповед | |
православие, ислам | |
Сродни народи | |
|
Најголемиот дел на Македонците во Албанија живеат во Мала Преспа и Голо Брдо. Областа се наоѓа западно од Охридското и Преспанското Езеро во Република Албанија и е дел од македонскиот регион[9]. Македонците претставуват мнозинство во селата: Леска, Пустец, Зрновско, Церје, Шулин, Глобочани, Долна Горица, Шулин и Горна Горица.
Административно тие краишта ја сочинуваат Мала Преспа. Центар на регионот е селото Пустец. Селата Прогун, Ракицко, Шуец, Заградец и Врбник, исто така се населени со Македонци и ја претставуваат општината Девол.[10]
Населението во областа Гора се во голем дел Македонци со исламска вероисповед (Торбеши), нивниот број вкупно со Косовскиот регион Гора, се претпоставува дека е од 40.000 до 120.000 луѓе.[11]
Поради тешката економска состојба голем број од населението се иселувало, а статистиката покажува дека бројот на Македонците во Албанија во последните 50 години е непроменлив. Во најновиот попис во 2023 бројот на Македонци се намалило, тоа е претежно заради бугаризацијата на македонското малцинство.
Според религиозното определување Македонците во Албанија се православни или муслимани. Македонците познати како Торбеши се со исламска вероисповед и ја населуваат покраината Гора и поголем дел од областа Голо Брдо, додека православните Македонци ја населуваат Мала Преспа и помал дел од Голо Брдо. Православните Македонци се под јурисдикција на Албанската црква, додека нивното општество ја завршува изградбата на една од повеќето започнати цркви, кои се под јурисдикција на Македонската црква (МПЦ).[13][14] Во 2000 година започнаа со изградбата на црквата Св.Арангел Михаил, додека црквата на Пресвета Богородица во целосно је финансира МПЦ.[15]
Територијата на која живеат Македонците е еден од најсиромашните предели во Албанија. Населението се занимава со риболов, земјоделство и сточарство. По промената на власта во Албанија и отворањето на границите, дел од населението се пренасочува кон трговијата. Лошата патна инфраструктура е главната причина за слабиот економски развој на овие простори. Политичките ветувања на градоначалниците биле изградба на асфалтирани патишта до граничниот премин Стење, кој би ја поврзал областа со Република Македонија, во која голем број луѓе имаат извор на парични приходи.[16]
Македонците располагаат со една радиостаница во Албанија и имаат овозможено емитување на програм на македонски јазик. Радио Преспа е создадено во ноември 2000 и е во македонска сопственост. Емитува програм само на македонски јазик, додека радио Корча, емитува програм на македонски секој ден по половина час за македонското малцинство.[17] Локалната ТВ станица овозможува емитување на програми од Македонија.[18] Создадени беа и повеќе печатени медиуми, кои поради финансиски причини брзо пропаднаа. Во моментот има само еден печатен весник, неделникот „Преспа“, кој се печати за Македонците во Албанија.[19]
На Македонците им е овозможено школување во неколку училишта, каде што наставата се одржува 20% на македонски јазик. Имаат средно училиште во Пустец, едно основно училиште во Долна Горица, шест основни училишта во селата: Шулин, Леска, Зрновско, Горна Горица, Туминец и во Глобочани. Сите училишта имаат соработка со Република Македонија, а професорите се од локалните области и имаат соодветно школување.[17][20]
Во 1990 беше создадена политичката партија Братска (Политичка партија на Македонците во Албанија). Споредно беа основани и други друштва како:[21]
Ниту една од македонските партии нема претставник во албанскиот парламент, иако има повеќе македонски претставници во локалната самоуправа. Градоначалникот на општината Пустец е Македонецот Едмонд Вањгел Темелко, кој на локалните избори во 2007 година, како претставник на Македонската алијанса освои победа. Македонците имаат свои претставници и во општините Ѕвезда и Горна Горица.[22]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.