главен аеродром на Амстердам, Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународниот аеродром во Амстердам или „Схипхол“ (IATA: AMS, ICAO: EHAM) — еден од најголемите аеродроми на светот. Официјалното име на аеродромот е „Амстердам Схипхол“. Схипхол е еден од најфрекфентните аеродроми во Европа, заедно со аеродромите во Лондон, Франкфурт и Париз Де Гол. Во 2007 година, преку аеродромот беа превезени 47,793,602 патници, што го прави петти најзафатен аеродром во Европа, после Лондон, Париз, Франкфурт и Мадрид. Аеродромот е изграден како еден голем терминал кој е поделен во три хали за заминување. Третата хала беше проширена во 2007 година со уште еден дел наречен терминал 4. Поради презафатеност на аеродромот и поради високите такси кои се плаќаат за услуги на аеродромот, некои од ниско буџетните авиокомпании се одлучија своите летови да ги пренасочат кон помали аеродроми, како што се аеродромите во Ајндховен и Ротердам. Амстердам Схипхол аеродромот е база на КЛМ, Трансавиа и Мартин Ер, како и Northwest Airlines од САД во соработка со КЛМ.
Кратки факти Аеродром Амстердам Luchthaven Schiphol, Општо ...
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Netherlands Amsterdam Greater" does not exist
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Амстердам Схипхол аеродромот започна со работа на 16 септември 1916 година, како воена база. Кога цивилното воздухопловство започна да го користи аеродромот, базата беше наречена Schiphol-les-bains. Аеродромот има добиено преку 120 награди за успешност. Во 1980, 1981, 1984, 1985, 1986, 1990 и 2003 беше прогласен за најдобар аеродром во глобални рамки.
14 Ноември, 1946 - Даглас Ц-47 опериран од КЛМ на доаѓање од Лондон, во лоши временски услови, по две откажувања за слетување, на третиот пат, пилотот реализира дека не е наместен во согласност со насоката на пистата и прави остар лев круг, но поради тоа што бил премногу блиску до земјата, авионот со едното крило ја допира земјата при што се урива и 26 патници се прогласени за загинати.
4 октомври 1992 - Боинг 747 Карго верзија на Израелската авиокомпанија Ел Ал, веднаш по полетувањето ги губи двата авиона на десното крило и се урива во населена населба во близина на аеродромот, вкупно 47 патници умираат.
Remove ads
Амстердам Схипхол аеродромот има оставено голем простор за продавници, како извор на профит како и забава за патниците. Схипхол Плаза е трговски центар пред чекирање, така што покрај патнициите, може да биде користен и од луѓе кои не користат никакви аеродромски услуги. Постои супермаркет, ресторани кои се отворени до полноќ секој ден во неделата. Исто така постои и голема тераса за набљудување на авионите.
Како што рековме, аеродромот има еден терминал и тој терминал е поделен на три оддели.