Map Graph

Аеродром Амстердам

главен аеродром на Амстердам, Холандија

Меѓународниот аеродром во Амстердам или „Схипхол“ — еден од најголемите аеродроми на светот. Официјалното име на аеродромот е „Амстердам Схипхол“. Схипхол е еден од најфрекфентните аеродроми во Европа, заедно со аеродромите во Лондон, Франкфурт и Париз Де Гол. Во 2007 година, преку аеродромот беа превезени 47,793,602 патници, што го прави петти најзафатен аеродром во Европа, после Лондон, Париз, Франкфурт и Мадрид. Аеродромот е изграден како еден голем терминал кој е поделен во три хали за заминување. Третата хала беше проширена во 2007 година со уште еден дел наречен терминал 4. Поради презафатеност на аеродромот и поради високите такси кои се плаќаат за услуги на аеродромот, некои од ниско буџетните авиокомпании се одлучија своите летови да ги пренасочат кон помали аеродроми, како што се аеродромите во Ајндховен и Ротердам. Амстердам Схипхол аеродромот е база на КЛМ, Трансавиа и Мартин Ер, како и Northwest Airlines од САД во соработка со КЛМ.

Read article
Податотека:Amsterdam_Airport_Schiphol_logo_(2018–present).svgПодатотека:Schiphol_airport_02_(cropped).jpgПодатотека:Airbus_A330-203_-_KLM_-_PH-AOF_-_EHAM.jpgПодатотека:Schiphol-plaza-ns.jpgПодатотека:Towers_Schiphol_small.jpgПодатотека:Boeing_757-251_-_Northwest_Airlines_-_N538US_-_EHAM.jpg