From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродром или леталиште — место наменето да овозможи полетување и слетување на летала, т.е., авиони и хеликоптери. Ваквиот терен е обично уреден со објекти и инсталации наменети за сместување, одржување, полетување и спуштање на воздухопловни летала. Аеродромите мора да имаат воспоставено врска со околните аеродроми. Во Република Македонија има два цивилни и повеќе спортски и воени аеродроми. Цивилните аеродроми се наоѓаат во Скопје и во Охрид.
Помалите аеродроми, често имаат само една писта која е пократка од 1.000 метри. Но поголемите аеродроми обично имаат писти кои се подолги и од 2.000 метри. Многу мали аеродроми имаат земјени писти наместо асфалт. Најдолгата јавна писта во светот е во Аеродромот Чангду Бангда во Кина. Должината на пистата изнесува 5.500 метри, а најшироката асфалтирана писта се наоѓа во Аеродромот Уљјановск Восточни во Русија и неговата ширина изнесува 105 метри.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.