From Wikipedia, the free encyclopedia
Адолесценција (од латински adolescere, што значи „да порасне“) — преодна фаза на физички и психолошки развој кој генерално се случува во периодот на пубертет кон законската зрелост (полнолетство).[1][2] Адолесценција е вообичаено се поврзува со тинејџерските години,[2][3][4][5] но нејзините физички, психолошки или културни манифестации можат да започнат порано и да завршат подоцна. На пример, пубертетот типично почнува за време на преадолесценцијата, особено кај женските.[3][6][7][8][9] Физичкиот развој (особено кај машките), и когнитивниот развој може да се продолжи и во раните дваесетти години. Така возраста обезбедува само груб знак за адолесценцијата, а научниците сметаат дека е тешко да се согласат за прецизна дефиниција на адолесценцијата.[6][7][10][11]
Темелното разбирање на адолесценцијата во општеството зависи од информациите од различните перспективи, вклучувајќи ги: психологијата, историјата, социологијата, образованието и антропологијата. Во рамките на сите овие перспективи, на адолесценцијата се гледа како преоден период меѓу детството и возрасносто доба, чија културна цел е подготовка на децата за возрасните улоги. Тоа е период на повеќекратни транзиции вклучувајќи ги образованието, едукацијата и невработеноста, како и транзиција од едни животни услови во други.
Крајот на адолесценцијата и почетокот на возрасното доба варира во зависност од државата, Понатаму, дури и во рамките на единствена држава или култура може да има различни возрасти во која еден поединец може да се смета за доволно зрела за општеството да им довери одредени привилегии и одговорности. Овие привилегии и одговорности вклучуваат возачка дозвола, правни сексуални односи, служење војска, купување и конзумирање алкохол, право на гласање, склучување договори, завршување одредено ниво на образование, брак, како и одговорност за почитување на законите. Адолесценцијата вообичаено е придружена со независност поддржана од родителите или законските старатели, вклучувајќи помал надзор споредбено со преадолесценцијата.
Во изучувањето на развојот на адолесценцијата, таа може да се дефинира биолошки, како физичка транзиција означена со почетокот на пубертетот и терминација на физичкиот раст и развој; когнитивно, како промени во способноста за апстрактно и повеќедимензионално мислење; како и социјално, како период на подготовка за возрасни улоги.
Големите пубертетски и биолошки промени, вклучуваат промени на сексуалните органи, висината, тежината, мускулната маса, како и големи промени во структурата и организацијата на мозокот. Когнитивните способности опфаќаат и зголемување на знаењето и на способноста да размислуваат апстрактно и да резонираат поефективно. Проучувањето на развојот на адолесценцијата честопати вклучува интердисциплинарна соработка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.