Грофовии во Ирска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грофовиите (или окрузи) во Ирска (ирски: contaetha na hÉireann; англиски: Counties of Ireland; алстерски шкотски: coonties o Airlann) се историски и сегашни административни единици на месна самоуправа на островот, во рамките на две држави.
Во историјата, грофовијата имала задача да ја претставува централната кралска власт во областа на оданочувањето, безбедноста и судството на локално ниво. Најпрвин, за ова биле надлежни камбронормандските властелини, а потоа улогата му припаднала на староанглиското благородништво. Со слабеењето на моќта на властелините, во грофовиите биле воспоставени нови управни служби на тоа ниво.
Почнувајќи од раниот XIX век, грофовиите се прилагодени на тогашните административно-политички потреби. Некои од нив биле поделени на помали единици, а други загубиле дел од територијата кај поголемите градови со воспоставувањето на автономни градски совети. Грофовиите во Северна Ирска денес немаат никаква административна улога и се заменети со окрузите. Во Република Ирска пак, грофовиите се основна административна единица.
При поделбата на Ирска во 1921 г., грофовијата послужила како основна управна единица, заедно со околијата.