![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/53/Abdus_Salam_1987.jpg/640px-Abdus_Salam_1987.jpg&w=640&q=50)
Абдус Салам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Абдус Салам [2] (урду: محمد عبد السلام; Џанг, 29 јануари 1926 - Оксфорд, 21 ноември 1996 [3]Англија)[4] — теориски физичар, познат по електрослабата теорија.[4] Студирал математика и физика на Унивртзитетот во Кембрџ и станал професор по физика на Кралскиот колеџ во Лондон. Таму работел на основање на електрослабата теорија, за која ја поделил Нобеловата награда за физика во 1979г заедно со Шелдон Глашоу од САД и Стивен Ваинберг исто така од САД.[4] Абдус Салам бил првиот муслиман што станал добитник на Нобелова награда[5] и до денес е единствениот пакистански лауреат на Нобеловата награда[6][7].
Мохамед Абдус Салам محمد عبد السلام | |
---|---|
![]() Абдус Салам во 1987 | |
Роден(а) | 29 јануари 1926 Џанг, Британска Индија (денес Пакистан) |
Починал(а) | 21 ноември 1996(1996-11-21) (возр. 70) Оксфорд, Обединето кралство |
Националност | ![]() |
Полиња | Теориска физика |
Установи | PAEC · SUPARCO · PINSTECH · Пенџабски униврзитет · Империјален колеџ во Лондон · Универзитет на Управниот колеџ · Кембрички универзитет · ICTP · COMSATS · TWAS |
Образование | Пенџабски универзитет Универзитет на Управниот колеџ Кембрички универзитет |
Теза | „Ренормализација на квантната теорија за полето“ (1952) |
Докторски ментор | Николас Кемер |
Други ментори | Пол Метјус |
Докторанди | Мајкл Даф · Али Чамседин · Роберт Делбурго · Валтер Гилберт · Џон Мофат · Јувал Нееман · Џон Полкингхорн · Ријазудин · Фајазудин · Масуд Ахмад · Парта Госе · Камалудин Ахмед · Гулам Муртаза · Мунир Ахмад Рашид |
Други значајни студенти | Фахим Хусаин · Первез Худбој · Абдул Хамид Најар · Гулам Дастагир Алам |
Познат по | Електрослабо заемодејство · Голдстонов бозон · Теорија на сè · Хигсов механизам · Магнетен фотон · Неутрална струја · Пати-Саламов модел · Квантна механика · Пакистанска атомска развојна програма · Пакистанска вселенска програма · Преон · Стандарден модел · Силна гравитација · Суперполе · W и Z бозони · |
Поважни награди | Смитова награда (1950) Адамсова награда (1958) Нишан е Пакистан (1959) Хјуов медал (1964) награда „Атоми за мир“ (1968) Кралски медал (1978) Нобелова награда за физика (1979) Ломоносов златен медал (1983) Коплиев медал (1990) награда „Кристофоро Коломбо“ (1992) |
Сопружник | Амтул Хафиз Бегум Луиз Џонсон |
Потпис![]() |
Друго негово постигање е основањето на центар во Трст, Италија за промовирање на науката во светот во развој. Салам бил советник за наука при владата на Пакистан од 1960 до 1974, позиција од која имал главна и влијателна улога во пакистанската научна инфраструктура.[7][8] Салам бил одговорен не само за главниот развој и придонес во теориската и физиката на честичките, туку и за промоција на научните истражувања на највисоко ниво во оваа земја[8]. Салам бил прв директор на Вселенската и високоатмосферска комисија за истражување (SUPARCO), и одговорен за основањето на Групата за теориска физика (TPG) во Пакистанската комисија за атомска енергија (PAEC)[9]. Како советник за наука, Салам имал севкупна улога во пакистанскиот развој на јадрената енергија за мирнодопски цели, авоедно придонел за развојот на пакистанската атомска бомба во 1972 година,[10], поради тоа, бил гледан како „татко научник“ на оваа програма во очите на научниците кои биле под неговиот истажувачки чадор.</ref> for this, he is viewed as the "scientific father"[2][11] of this programme in the views of the scientists who researched under his scientific umbrella.[12][13][14].
Во 1974 година, Абдус Салам заминал од неговата земја, во протест, поради зигласувањето на спорниот закон од страна на пакистанскиот парламент, кој во својот текст муслиманската заедница на Ахмадија ја прогласува за неисламска. Дури и по неговата смрт, Салам останал еден од највлијателните научници во неговата земја. Во 1998, по извршените јадрени тестови на земјата, владата на Пакистан издаде комеморативна поштенска марка, како дел од серијата „Научниците на Пакистан“, во чест на постигнувањата на Салам.[15]
Главните и забележителни достигнувања на Салам се пред се: Пати-Саламовиот модел, магнетниот фотон, векторскиот мезон, теоријата на сè, работата на суперсиметријата, и најважното, електрослабата теорија, за која тој ќе биде награден со Нобелова награда најпрестижна награда во физиката.[5] Салам даде голем придонес во квантната теорија за полето и унапредувањето на математиката на Кралскиот колеџ во Лондон. Со неговиот студент Ријазудин, Салам даде голем придонес за модерната теорија за неутрината, неутронски ѕвезди и црни дупки, како и за работата на осовременување на квантната механика и квантната теорија за полето. Како учител и поборник за науката, Салам е запаметен како основач и татко на математичката и теориската физика во Пакистан во периодот кога бил советник за наука на претседателот.[8][16] Салам дал огромен придонес за подигнувањето на пакистанската физика во заедницата на физичарите во светот.[17][18] Дури до неговата смрт Салам продолжил со придонесот за физиката и неуморно помагал во развојот на науката во земјите од “Третиот Свет”.[19]