![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3c/Byron_1813_by_Phillips.jpg/640px-Byron_1813_by_Phillips.jpg&w=640&q=50)
Џорџ Гордон Бајрон
британски поет / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџ Гордон Бајрон, шестиот барон Бајрон (Лондон, 22 јануари 1788 - 19 април 1824 , Мисолонги) — англо-шкотски поет и водечка фигура во романтизмот.[1][2][3] Тој бил олицетворение на слободен човечки дух во бунтот против поредокот и рамките на тогашното општество, па оттука и неговата голема популарност кај европските народи, кои биле под јаремот на туѓинскиот и на домашниот деспотизам.
Џорџ Гордон Бајрон | |
---|---|
![]() Портрет на Лорд Бајрон од Томас Филипс | |
Роден/а | Џорџ Гордон Бајрон 22 јануари 1788(1788-01-22) Лондон |
Починат/а | 19 април 1824(1824-04-19) (возр. 36) Етолија-Акарнанија, Отоманско Царство |
Занимање | Поет, политичар |
Книжевно движење | Романтизам |
Сопруг/а | Ана Изабела Бајрон |
Деца | Ада Лавлејс |
Потпис | ![]() |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f4/George_Gordon_Byron%2C_6th_Baron_Byron_by_Richard_Westall_%282%29.jpg/640px-George_Gordon_Byron%2C_6th_Baron_Byron_by_Richard_Westall_%282%29.jpg)
Меѓу неговите најпознати дела се Странствувањето на Чајлд Харолд и Дон Жуан. Последново дело останало недовршено по неговата смрт. Тој бил сметан за еден од најголемите европски поети кој сè уште се чита.[4]
Бајроновата слава се потпира не само на неговото пишување, но и на неговиот живот, кој вклучувал екстравагантно живеење, бројни љубовни афери со двата пола, сомнежи, разделувања, гласини за скандалозна врска со својата полусестра и евентуална смрт од треска по неговото патување да се бори на грчка страна во Грчката војна за независност; за што тој е грчки национален херој. Тој е опишан од Каролина Лем како „луд, лош и опасен да се познава“.
Познат е и по неговата ќерка Ада Лавлејс, чија работа на Аналитичката машина со Чарлс Бебиџ се смета за еден од основачките документи во областа на информатиката, а самата важи за првиот програмер во историјата.