From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџа Мелони (Рим, 15 јануари 1977 ) — италијанска новинарка и политичарка. На 22 октомври 2022 година стапила на функцијата претседател на Владата на Република Италија. Таа е првата жена на чело на владата во историјата на Италијанската Република. Член на Претставничкиот дом на Парламентот на Република Италија од 2006 до 2022 година.[1] Претседател е на партијата Браќа на Италија (FdI) од 2014 година, а од 2020 година, претседател е на Партијата на европските конзервативци и реформисти.[2] Во четвртата влада на Силвио Берлускони, била министер за млади, а воедно и најмлад министер во италијанската историја.
Џорџа Мелони Giorgia Meloni | |
---|---|
Мелони во 2022 година | |
Премиер на Италија | |
На должноста | |
Стапил 22 октомври 2022 | |
Претседател | Серџо Матарела |
Заменик |
|
Претходник | Марио Драги |
Претседател на Браќа на Италија | |
На должноста | |
Стапил 8 март 2014 | |
Претходник | Игнацио Ла Руса |
Претседател на Партијата на европски конзервативци и реформисти | |
На должноста | |
Стапил 29 септември 2020 | |
Претходник | Јан Захрадил |
Министер за млади | |
На должноста 8 мај 2008 – 16 ноември 2011 | |
Премиер | Силвио Берлускони |
Претходник | Џована Меландри |
Наследник | Андреа Рикарди |
Член на Италијанскиот парламент | |
На должноста | |
Стапил 28 април 2006 | |
Изборна единица |
|
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 јануари 1977 Рим, Лацио, Италија |
Партија | Браќа на Италија (од 2012) |
Други припадности |
|
Деца | 1 |
Живеалиште | Палацо Киги |
Портал | giorgiameloni.it |
Десничарски популистка и националистка, нејзините политички ставови се опишани како крајно десничарски, иако таа ја отфрла таа етикета. За себе вели дека е христијанка која ги брани „Бог, татковината и семејството“. Се противи на абортусот, евтаназијата и партнерството, бракот и родителството на истополови парови. Противник на прифаќањето на неевропските имигранти и мултикултурализмот, била обвинета за ксенофобија и исламофобија. Поддржувач е на НАТО, застапува евроскептични ставови и се залагала за подобри односи со Русија пред руската инвазија на Украина во 2022 година, што таа го осуди, ветувајќи дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина.[3] Изразила контроверзни ставови, како што се пофалби за италијанскиот диктатор Бенито Мусолини и неофашистичкиот политичар Џорџо Алмирате.[4]
Родена е на 15 јануари 1977 година во Рим. Нејзиниот татко е по потекло од Сардинија, а мајка ѝ од Сицилија. Татко ѝ го напуштил семејството и се преселил на Канарските Острови кога Џорџа имала 11 години. Во 1992 година, на 15-годишна возраст, станала член на Младинскиот фронт, младинско крило на Италијанското социјално движење, постфашистичка италијанска партија. Учествувала на протестите против реформата на јавното образование за која се залагал тогашниот министер.
Од 1996 година, водач е на Студентската акција, студентскиот огранок на Националната алијанса. Истата година дипломирала на Институтот Америго Веспучи со почести. Во тие години работела како дадилка и келнерка во еден од најпознатите римски ноќни клубови.
На општите избори во 2006 година, била избрана за претставник на Претставничкиот дом на Парламентот на Република Италија и станала нејзин најмлад потпретседател. Во исто време, работела како новинар.[5]
Во четвртиот состав на владата на Силвио Берлускони, била избрана за министер за млади и на таа функција била од 8 мај 2008 до 16 ноември 2011 година. Била најмладата министерка во историјата на Италија.[6] Во пресрет на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, го повикала атлетскиот тим да ја бојкотира церемонијата на отворање поради несогласување со политиката на Кина кон Тибет.[7] Ваквиот нејзин став го критикувале премиерот Берлускони и министерот за надворешни работи Франко Фратини.
Гласала против законот за евтаназија, кој бил предложен во 2009 година.[8]
На 20 декември 2012 година, заедно со пратениците Гвидо Крозета и Игнацио Ла Руса, го основала новото десничарско политичко движење Браќа на Италија, но останала во коалиција со партијата на Силвио Берлускони. Била реизбрана за пратеник во италијанскиот парламент во 2013 година, а станала лидер на пратеничката група предводена од Браќа на Италија. На изборите за Европскиот парламент во 2014 година, не го поминала изборниот праг, но станала претседателка на сопствената партија.[9]
Во 2016 година, се кандидирала за градоначалник на Рим во коалиција со десничарската популистичка партија Лига. Не го освоила мнозинството и била трета според бројот на гласови, но станала член на градскиот совет на градот Рим.[10]
На парламентарните избори во Италија во 2018 година, успеала тројно да го зголеми бројот на гласови во сопствената изборна единица и формирала коалиција со партијата Лига на Матео Салвини на национално ниво.
На изборите за Европскиот парламент во 2019 година, се кандидирала како носител на листата на нејзината партија и добила доволен број гласови (6,8%) за да стане европратеник.
На вонредните избори за италијанскиот парламент во септември 2022 година, нејзината партија Браќа на Италија добила најмногу гласови (26%) и заедно со своите коалициски партнери освоила апсолутно мнозинство. Како претседателка на партијата која добила најмногу гласови и како водач на најсилната партија во победничката коалиција, таа најавила дека ќе бара мандат за формирање влада со неа како премиер.[11] [12]
Џорџа Мелони себеси се дефинира како конзервативна десничарка и националистка.[13] [14] [15] [16]
Тој се противи на истополовите бракови,[17] регистрираното партнерство на истополовите парови [18] и нивното право да посвојуваат деца.[19]
Политичките противници често ја напаѓаат како ксенофобна и исламофобна десничарка, бидејќи изразила противење на доделувањето италијанско државјанство на децата на имигрантите родени на италијанска почва (т.н. ius soli).[20] Се спротивставува на имиграцијата на луѓе од неевропско потекло и создавањето на мултикултурно општество, тврдејќи дека тоа се спроведува со цел „да се деструктуира нашето општество и да се обиде да ни го одземе идентитетот “.[21] [22] Се залагала за поморска блокада на Средоземното Море со цел да се одвратат африканските имигранти и легално воведување на кривичното дело „исламски екстремизам“[23] [24], ограничување за изградба на џамии на италијанска територија и забрана за носење хиџаб и никаб.[25] [26]
Се противи на воведување основен приход врз основа на државјанство,[27] но се залага за финансиска помош од државата заради политиката на зголемување на наталитетот и „заштита на традиционалното семејство“, на пример бесплатни градинки со работно време до доцна навечер детски додаток до 80% од платата и додаток за невработени мајки, право на работа од далечина преку интернет за жени со деца до 16 години и воведување еднаков данок без разлика на приходот (т.н. рамен данок). [28] [29] Се залага за протекционистичка политика за италијанските производи и отфрлање на Европскиот пакт за стабилност.[30]
Предложила начело на вооружена самоодбрана на граѓаните од криминалци,[31] доживотен затвор и хемиска кастрација за силувачите и педофилите и зголемување на буџетот за вооружените сили.[32] [33] [34]
Во надворешната политика ја застапува идејата за атлантизам и активната улога на Италија во НАТО, [35] а на европската политичка сцена политички е најблиску до шпанското движење Вокс и полската партија Право и правда.[36] [37] [38] [39] [40]
Џорџа Мелони изјавила дека Истра и Далмација треба да се одземат од Хрватска и да се припојат кон Италија и била против влезот на Хрватска во Европската Унија и барањето членството на Хрватска во ЕУ да биде условено со исплата на компензација на Италијанците кои биле протерани од хрватското крајбрежје по Втората светска војна. [41]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.