From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмс Франк (германски: James Franck 26 август 1882 – 21 мај 1964 ) — германски физичар и нобеловец.
Џејмс Франк | |
---|---|
Роден(а) | 26 август 1882 Хамбург, Германско Царство |
Починал(а) | 21 мај 1964 81) Гетинген, Западна Германија | (возр.
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Установи | Берлински универзитет Гетингенски универзитет Универзитет „Џонс Хопкинс“ Чикашки универзитет |
Образование | Хајделбершки универзитет Берлински универзитет |
Докторски ментор | Емил Варбург |
Докторанди | Вилхелм Ханле Артур Р. фон Хипел Теодор Пак |
Познат по | Франк-Кондонов принцип Франк-Херцов експеримент |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1925) Медал „Макс Планк“ (1951) |
Франк бил Евреин, неговите родители биле Џејкоб Франк и Ребека Накум Дракер. Неговиот филозофски докторат го завршил во 1906 и се здобил со хабилитација, за физика во 1911, во Берлинскиот универзитет предавал и подучувал сè до 1918, достигнувајќи ја позицијата на несекојдневен професор.
Франк доброволно служел во германската армија за време на Првата светска војна. Бил сериозно ранет во 1917 при гасен напад и бил награден со првокласен Железен крст. Франк станал водач на физичарската дивизија на Кајсер Вилхелмовиот институт за физичка хемија. Во 1920, Франк станал професор по експериментална физика и директор на вториот институт за експериментална физика во Гетингенскиот универзитет. Додека таму работел на квантната физика со Макс Борн, директор на институтот за теоретска физика.
Во 1925, Франк бил награден со Нобелова награда за физика, најмногу од сè поради неговата работа во 1912-1914, вклучувајќи го Франк-Херцовиот експеримент, важна потврда на боровиот модел на атомот.
Во 1933, по доаѓањето на Нацистите на власт, Франк, како Евреин, поднел оставка од неговата позиција во Германија во писмо кое го испратил до печатот за објава.[1] Тој му асистирал на Фредерик Линдерман во помошта на отпуштените еврејски научници за наоѓање на работа во странство, пред да ја напушти Германија во ноември 1933 за да продолжи со истражување во САД, прво во Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор (Мериленд), па потоа, по една година во Данска, во Чикаго. Токму тогаш тој станал дел од проектот Менхетен за време на Втората светска војна, бил директор на хемичарската дивизија во металуршката лабораторија[2] во Чикагискиот универзитет. Тој исто така бил директор на комитетот за политички и социјални проблеми во врска со атомската бомба, комитетот се состоел од него и други научници во металуршката лабораторија, меѓу кои Доналд Хјуз, Џејмс Никсон, Јуџин Рабинович, Глен Сиборг, Стернс и Лео Силард. Комитетот бил најпознат по компилацијата на френковиот извештај, завршен на 11 јуни 1945, кој барал да не бидат употребени атомски бомби врз јапонските градови, врз основа на проблемите кои биле резултат на такво воено барање.
При крајот на војната, спротивставувајќи се на употребата на атомските бомби тој се посветил на проучување на фотосинтезата.
Кога Нацистичка Германија ја окупирала Данска во Втората светска војна, унгарскиот хемичар Ѓерѓ де Хевеши ги претопил нобеловите награди на Макс фон Лауе и Џејмс Франк во „кралска вода“ за да не ги украдат нацистите. Тој го поставил растворот на полица во неговата лабораторија во Нилс Боровиот институт. По војната, тој се вратил за да го растворот недопрен и го одвоил златото од киселината. Подоцна нобеловото друштво ги преформулирало нобеловите награди со оригиналното злато.[3]
Во 1946 Франк се оженил за Херта Спонер, неговата поранешна асистентка во Гетинген. Тој одненадеж починал во 1964 при посетата на Гетинген.[4]
Од религиска гледна точка, Франк велел дека науката е негов Бог и природата негова религија.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.