Џејмс Дин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмс Дин Бајрон (8 февруари 1931 — 30 септември 1955 ) — американски филмски глумец. Тој е културна икона, која е најдобро отелотворена во насловот на неговиот најпознатиот филм, Бунтовник без причина (1955), во кој тој глуми како проблематичен тинејџер од Лос Анџелес по име Џим Старк. Останатите две улоги го дефинираат неговиот статус на ѕвезда, како осаменикот Кол Траск во филмот Источно од рајот (1955), како и на груб земјоделец, Џет Ринг, во Џин (1956). Вечната слава и популарност на Дин, се потпираат на неговите настапи само на овие три филма, во кои кај сите ги има водечките улоги. Со неговата прерана смрт, во сообраќајна несреќа, само го зацврсти својот легендарен статус.[1] Дин беше првиот добитник на посмртен Оскар во номинација за најдобар глумец со што и понатаму останува единствен глумец кој имал две посмртни номинации за глума.[2] Во 1999 година, Американскиот филмски институт го рангира Дин на 18-тото место за најдобра машка филмска ѕвезда на нивните јубиларни АФИ -100 години ... 100 список на ѕвезди.[3]