Џејмс Веб
раководител на НАСА од 1961 до 1968 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмс Едвин Веб (англиски: James Edwin Webb; 7 октомври 1906 — 27 март 1992) — американски државник. Не се специјализирал за некоја техничка област, туку за општо раководство во финансии, човечки ресурси и право. Затоа, во текот на својата кариера тој водел различни владини агенции: работел како помошник на конгресмените Едвард Пју и Оливер Макс Гарднер, работел како заменик државен секретар во американскиот Државен департман и бил директор на Бирото за буџет во канцеларијата на претседателот Труман. Служел и како директор за човечки ресурси за Sperry Gyroscope. Тој немал искуство во воздушната област и немал специјално образование, но бил раководител на НАСА од 1961 до 1968 г. Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ е именуван во чест на Веб.