Џејмс Ват
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмс Ват (1736 – 1819) му ја дал на светот една од најважните машини на сите времиња, - кондензирачката парна машина. Во 1757 година бил поставен за произведувач на научни инструменти и делови на универзитетот во Глазгов, каде што ги проучувал механичките потенцијали на пареата. Поправајќи една парна машина во 1764 година, дошол на идеја како одвоено да ја згусне пареата; ова го направило прочуен во светот.
Станал партнер со англискиот инженер Метју Баултон и заедно почнале да ги произведуваат Ватовите пронајдоци. Меѓу неговите пронаоѓачки дела се хидрометар, бродски пропелер, и автоматски центрифугален уред за регулирање на брзината кај машините.