![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f1/JB_%252826382234996%2529.jpg/640px-JB_%252826382234996%2529.jpg&w=640&q=50)
Џеф Бакли
американски музичар (1966-1977) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џефри Скот "Џеф" Бакли (17 ноември 1966 – 29 мај 1997), одгледан како Скоти Мурхед — американски пејач, композитор и гитарист. По една деценија свирење гирата во Лос Анџелес, Бакли придобил следачи во раните 1990-ти со свирење свои верзии на песни на локации во East Village во Mенхетен, како што било Sin-é, постепено фокусирајќи се на сопствениот материјал. Иако немал интерес да соработува со издавачките куќи и менаџерот на неговиот татко, Herb Cohen, тој потпишал договор со издавачката куќа Columbia, регрутирал бенд и го снимил неговиот единствен студиски албум, Grace. Списанието Rolling Stone го смета Бакли за еден од најдобрите пејачи на сите времиња.[1][2][3]
Џеф Бакли | |
---|---|
![]() Илустрација на Џеф Бакли | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џефри Скот Бакли |
Познат(а) и како | Скоти Мурхед |
Роден(а) | 17 ноември 1966(1966-11-17) Анахајм, Калифорнија, САД |
Потекло | Ист Вилиџ, Менхетн, Њујорк |
Починал(а) | 29 мај 1997(1997-05-29) (возр. 30) Мемфис, Тенеси, САД |
Жанрови |
|
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1990–1997 |
Издавачи | Columbia |
Мреж. место | jeffbuckley.com |
Во текот на следните две години, бендот одел на турнеи ширум светот да го промовира албумот, вклучувајќи и концерти во САД, Европа, Јапонија и Австралија. Во 1996 година, престанале да одат на турнеи и направиле повремени обиди да го снимат вториот албум во Њујорк со Том Верлен како нивен продуцент. Во 1997 година, Бакли се преселил во Мемфис, Тенеси, за да продолжи со снимање на албумот, My Sweetheart the Drunk, снимајќи многу демо-снимки со по четири песни додека неделно настапувал по локалните места кои правеле шоу. Додека чекал да пристигне неговиот бенд од Њујорк, се удавил кога една вечер спонтано решил да плива, целосно облечен, во реката Wolf, кога надошол бран што се ширел зад бродот кој поминувал. Неговото тело било пронајдено на 4 јуни 1997 година.[4][5]
По неговата смрт, имало многу посмртни издавања на неговиот материјал, вклучувајќи и колекција на демо снимките со по четири песни и студио снимки од неговиот недовршен албум, My Sweetheart the Drunk, од албумот Grace и продолжени снимки од настапите во живо во Sin-é. Исто така, по неговата смрт, следел и успехот на музичките листи, со неговото познато препејување на песната на Леонард Коен, Hallelujah, се искачил на своето прво број 1 место на Hot Digital Songs на списанието Billboard во март,2008 година и го достигнал второто место на листата синглови во Велика Британија, во декември истата година. Баклки и неговото дело останаа популарни и редовни се вклучени во листите на најдобрите во музичкиот печат.[6][7]