From Wikipedia, the free encyclopedia
Јусејн Болт (роден на 21 август 1986 во Трелони, Јамајка) е јамајски атлетичар[2] на кратки патеки. Тој е светски рекордер на 100 m (со време од 9,58 s), на 200 m (со време од 19.19 s) и како дел од националната штафета на Јамајка 4 x 100 m (со време од 36,84 s). Рекордите на 100 и 200 m ги поставил на светското првенство во атлетика 2009 во Берлин, со што ги подобрил своите рекорди направени на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг.
Јусејн Болт на Светското првенство во Берлин во 2009 година | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Прекар(и) | Светлечкиот Болт[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,95 метри[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 94 килограми[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Јамајка | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | спринт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди | 100 m: 9.58 (2009) 150 m: 14.35 (2009) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Во 2008, Болт станал првиот атлетичар кој победил со светски рекорди на патеките 100 m, 200 m и како дел од националната штафета на 4 х 100 m на Олимписките игри и првиот атлетичар којшто победил на 100 m, на 200 m и како дел од националната штафета 4x100m на едни Олимписки игри по Карл Луис во 1984. Освоените титули во овие три дисциплини успеал да ги одбрани и на Летните олимписки игри 2012 и 2016 во Лондон односно Рио де Жанеиро, со што станал првиот човек кој успеал да освои три златни медали на Олимписките игри во секоја од овие дисциплини.
Благодарение на неговиот напредок и неговите постигнувања, Јусејн бил наречен и „Светлечкиот Болт“.[1]
Болт се родил во Трелани, Јамајка[3]Layden, Tim (2008-08-16). „The Phenom“. Sports Illustrated. Архивирано од изворникот на 2013-07-27. Посетено на 2008-08-17. Проверете ги датумските вредности во: |date=
(help)</ref>[4] како дете на Џенифер и Велесли Болт. Уште како дете Јусеин бил уживал играјќи крикет, а се специјализирал во брзо куглање. Кога се запишал во средно училиште, неговиот тренер по крикет го насочил да започне да се занимава со атлетика.[5] Пабло Мек Нил и Двејн Берет биле неговите тренери кои го научиле да ја насочи неговата енергија на неговите атлетски способности. Од друга страна, Јусејн учел во училиште со своја атлетска историја во која е и поранешниот спринтер Мајкл Грин.[1] Усеин Болт првиот свој медал го освоил на училишниот натпревар во 2001 година, во трката на 200 m со време од 22,04 s што било доволно за второто место.[1]
Болт бргу напредувал, така што станал првиот јуниор којшто ја истрчал дистанцата од 200 m побрзо од 20 s во време од 19,93 s во 2004. Неколку повреди го оддалечиле од настапите во 2005 и 2006. Своето големо враќање Јусејн го најавил на митингот во Лозана во 2006, истрчувајќи нов личен рекорд од 19,88 s. На меѓународните натпревари истата година, Болт освоил злато и сребро. Во 2007, Болт напредуваше уште повеќе, па истрча нов личен рекорд во трката на 200 m од 19,75 s, а започна да трча и на двојно пократката трка на 100 m, која ја истрчал во време од 10,03 s. На светското првенство во Осака, Болт го освоил сребрениот медал во трката на 200 m, завршувајќи веднаш зад Тајсон Геј.
Во 2008, Јусејн Болт го срушил светскиот рекорд на 100 m на сонародникот и идол Асафа Пауел од 9,74 s и поставил нова граница од 9,72 s. На митиннгот во Атина, Јусејн исто така истрчал и нов рекорд на Јамајка во трката на 200 m во време од 19,67 s. Но, најголемото следувало на Олимписките игри во Пекинг. На 16 август, Јусеин го освоил златниот медал во трката на 100 m истрчувајќи 9,69 s. Само 4 дена подоцна, тој победил и во трката на 200 m, исто така со време на нов светски рекорд од 19,30 s, со што го подобрил 12 години стариот светски рекорд на Мајкл Џонсон. Неколку дена подоцна, „светлечкиот Болт“ го освоил и своето трето Олимписко злато, како дел од националната штафета на Јамајка 4 х 100m со време од 37,10 s со што бил срушен и 16 години стариот светски рекорд на националната штафета на САД.
Болт во 2009 сезоната ја започнал трчајќи на 400 m со време од 45,59s[6] Во март, тој ја имаше првата трка на 100m под 10s во 2009[7] Во април, тој доживеал сообраќајна несреќа, но брзо се рехабилитирал и се вратил на атлетските патеки. Болт се натпреварувал и на невообичаената трка на 150 m и победил со најдобар резултат на сите времиња од 14,35 s.[8] На 16 август, на светското првенство во Берлин, Јусејн Болт победил во трката на 100 m, поставувајќи нов светски рекорд со време од 9,58 s и оставајќи ги зад себе големите соперници, Американецот Тајсон Геј и сонародникот Асафа Пауел. На 20 август, Јусејн го освоил вториот златен медал на светското првенство, победувајќи во трката на 200 m и подобрувајкќи го светскиот и личен рекорд, со време од 19,19 s. Третиот златен медал, Јусејн го освоил како дел од националната штафета, со време од 37,31 s.
На светското првенство во јужнокорејскиот град Тегу, Болт пристигнал со многу големи шанси за одбрана на титулите, најмногу откако учеството во трката на 100 m го откажаа неговите најголеми конкуренти, Тајсон Геј и Асафа Пауел. Сепак, во финалната трка на 100 m, тој бил дисквалификуван поради погрешен старт, со што не успеал да ја одбрани титулата.[9] Неколку дена подоцна, во трката на 200 m го пребродел крахот, освојувајќи го првото место со време од 19,40 s.[10] Еден ден подоцна, тој го освоил и златниот медал како дел од штафетата на Јамајка во трката на 4 х 100 m, која постави нов светски рекорд од 37,04 s.
На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Болт победил во трката на 100 m со резултат од 9,63 s, соборувајќи го својот олимписки рекорд поставен на претходните игри. Веднаш зад него, на второто место завршил неговиот пријател од репрезентацијата, Јоан Блејк.[11] Последично на овој успех, тој успешно ја одбрани титулата и во трката на 200 m, победувајќи со време од 19,32 s и оставајќи ги зад себе сонародниците Јоан Блејк со време од 19,44 s и Ворен Вир со 19,84 s. Со ова, Болт станал првиот човек во историјата кому му успеало да ги одбрани Олимписките титули во трките на 100 и на 200 m.[12] На последниот натпреварувачки ден од атлетските натпревари (не сметајќи го маратонот), Болт настапил како дел од штафетата на Јамајка на 4 х 100 m, која уште ја сочинуваа: Неста Картер, Мајкл Фратер и Јоан Блејк. Тие го освоиле златниот медал со време на нов светски рекорд од 36,84 s, со што успеале да го подобрат сопствениот светски рекорд од 37,04 s поставен една гдина претходно.[13]
Во 2013 година, Болт настапил на светското првенство во Москва, на коешто победил во трките на 100 и на 200 m, со времиња од 9,77 s односно 19,66 s.
На светското првенство во Пекинг, Болт победил во трката на 100 m со време од 9,79 s и во трката на 200 m со време од 19,55 s, остварувајќи го зад себе американскиот атлетичар Џастин Гетлин со времиња од 9,80 s односно 19,74 s.
На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, Болт победил во трката на 100 метри со време од 9,81 s. Со оваа победа, тој станал првиот човек кој успеал да освои три златни медали во оваа дисциплина на Олимписките игри. Сличен успех постигнал и со победата во трката на 200 метри со време 19,78 s, како и со штафетата на Јамајка на 4 x 100 м со време 37,27 s.
Болт најавил дека ќе се повлече од атлетиката по завршувањето на светското првенство во Лондон во 2017 година. На ова првенство тој настапил во трката на 100 m, во која завршил на третото место и го освоил бронзениот медал со време од 9,95 s, завршувајќи зад американските атлетичари Џастин Гетлин (9,92 s) и Кристијан Колман (9,94 s). Ова била првата негова трка на големите натпреварувања по штафетата 4 x 100 м на светското првенство во 2007 година во која тој не го освоил златниот медал.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.