Јужноамериканско првенство во фудбал 1935
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 1935 — 13-то издание на првенството кое денес е познато како Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Перу од 6 јануари до 27 јануари 1935 година.
Јужноамериканско првенство во фудбал 1935 | |
---|---|
Стадион Насионал | |
Податоци за првенството | |
Земја | Перу |
Датум на одржување | 6 јануари — 27 јануари |
Екипи | 4 (од 1 конфедерација) |
Стадиони | 1 (во 1 граддомаќин) |
Финални резултати | |
Шампион | Уругвај (7-ми) |
Второ место | Аргентина |
Трето место | Перу |
Четврто место | Чиле |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 6 |
Постигнати голови | 23 (3.83 по натпревар) |
Голгетер | Аргентина Масантонио ( 4 гола) |
Најдобар играч | Уругвај Хосе Насази[1] |
← 1929 1937 → |
На турнирот учествувале 4 репрезентации. Турнирот бил освоен од страна на Уругвај, второто место припаднало на репрезентацијата на Аргентина а третото на репрезентацијата на Перу[2]. Ерминио Масантонио, репрезентативец на Аргентина, бил најдобар стрелец со четири голови.[3]
Шест година по последното оджано првенство во 1929 година било одлучено турнирот повторно да се одржи. Турнирот немал трофеј, туку послужил како квалификација за Летните олимписки игри во 1936 година.