Архиепископот Јосиф Соколски (родeн како Иван Марков) бил монах, архимандрит, и игумен на габровскиот Соколски манастир.
Животопис
Архиепископот на Соединетите Бугари со Рим е роден во 1786 година во Ново маало, денеска четврт на Габрово. На 9 години станал чирак во Сопот, каде што учил читање и пишување. Неможноста да оди на училиште му помогнала да ја оцени важноста на образованието и тоа го мотивирало да стане духовен и просветен деец.
На 16 август 1806 година се вработил во Тројанскиот манастир. Само за пет години станал архимандрит и во 1822 година бил ракоположен за јеромонах и испратен за игумен на Калоферскиот манастир. За некое време бил игумен во Гложенскиот манастир. Отишол на Света Гора и од таму се вратил во 1824 година во Габрово. Архимандрит Соколски пристигнал во месноста Сокол во есента 1832 година. Испратен од братството при Тројанскиот манастир, изградил дрвена црква во пештерата во Сокол, од каде доаѓа и името на манастирот. Така во 1833 година бил изграден манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Во ноември 1860 година заминал за Цариград, каде што на 18 декември 1860 година била потпишана бугарска унија со Рим. Драган Цанков и Никола Сапунов го приврзале кон идејата за унијата. На 15 март 1861 година, заедно со Драган Цанков и д-р Миркович, ѓаконот Рафаел Попов заминал за Рим, каде Папата Пиј ІХ го ракоположил за Архиепископ на Соединетите Бугари. Така на 2 април Соколски станал првиот унијатски архиепископ. Делегацијата се вратила во Цариград на 14 април, кога со ферман на турската власт Јосиф Соколски бил прогласен за милет-баши на Бугарите унијати. Големиот одек во Европа како и успесите на унијатите ја активирале руската дипломатија. Амбасадорот Лобанов-Ростoвски им наредил на Најден Геров и Петко Славејков да го изолираат унијатскиот архиепископ. На 6 јуни Славејков го однел Соколски во руската амбасада и од таму со брод бил однесен во Одеса. Така започнало неговото 18 годиншно опслужување на казна затвор. За време на своето заточение тој останал верен на унијатството. Умирел на 29 септември 1879 година и бил погребан како обичен монах во гробиштата на Киевско-Печорската лавра.
Наводи
- Каравълчев, Венцислав. Някои бележки върху личността на първия униатски архиеп. Йосиф Соколски, сп. „Християнство и култура“, бр.64[мртва врска] (бугарски)
- Каравълчев, Венцислав. Холмската мисия на Йосиф Соколски и краят на Брест-литовската уния , сп. „Християнство и култура“, бр.65[мртва врска] (бугарски)
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.