![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2b/Ducic.jpg/640px-Ducic.jpg&w=640&q=50)
Јован Дучиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јован Дучиќ (српски: Јован Дучић),(Требиње, 15 февруари 1874 - Гери (Индијана), 7 април 1943 )[1] — српски и југословенски писател, поет и дипломат. Еден од најзначајните поети на српскиот модернизам и најзначаен лиричар[2] . Бил еден од основачите на Народна одбрана, национална невладина организација во Кралството Србија[3].
Јован Дучиќ Јован Дучић | |
---|---|
![]() | |
Роден/а | 5 февруари 1871(1871-02-05) Требиње, Босански Вилает, Отоманско Царство |
Починат/а | 7 април 1943(1943-04-07) (возр. 72) Гери (Индијана), САД |
Почивалиште | Либертивил, Илиноис (1943–2000) Требиње, Босна и Херцеговина (од 2000 година) |
Занимање | поет, писател и дипломат |
Првата збирка песни Дучиќ ја објавил во Мостар во 1901 година во издание на мостарската Зора, втората ја објавил во Белград во 1908 година во издание на Српската книжевна задруга (српски: Српска књижевна задруга). Пишувал и во проза: неколку литературни есеи и студија за писатели, Богатството на царот Радован (српски: Благо цара Радована) и поетски писма од Швајцарија, Грција и Шпанија.
За дописен член на Српската кралска академија бил избран во 1924 година, а за редовен член во 1931 година[1].