From Wikipedia, the free encyclopedia
Јоасаф II, познат како „Величествениот“ (грчки: Ιωάσαφ Β΄ ο Μεγαλοπρεπής), бил Вселенски патријарх од 1556 до 1565 година.
Јоасаф II | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Повелба од советот на Јоасаф II и православната црква потврдувајќи ја титулата „Цар“ на Иван IV (декември 1560) | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Ракоположен | јули или август 1556 |
Службата завршила | 15 јануари 1565 |
Претходник | Дионисиј II |
Наследник | Митрофан III |
Лични податоци | |
Починал | Адријанопол |
Претх. служба | Метрополит на Адријанопол |
Јоасаф се родил во Тракија. Тој студирал во Јанина и потоа во Нафплио, каде научил арапски, персиски и турски јазик. Во 1535 тој бил избран за епископ на Адријанопол од страна на патријархот Еремија I.[1]
По смртта на Дионисиј II, тој бил избран за Вселенски патријарх во јули или август 1556.[2][3] Тој успешно ја намалил цената за назначување на 1000 екуси (монети).
Јоасаф го поттикнувал учењето во свештенството, ја преуредил администрацијата на црковниот имот и ги подобрил финансиите намалувајќи половина од долговите на патријаршијата. Тој исто така започнал големо проширување на патријаршиската палата. Поради овие постигнувања, му бил доделен прекарот „Величествениот“ (грчки: ὁ Μεγαλοπρεπής).[4] Во 1556 тој основал во Цариград патријаршиско училиште, претходникот на Големата школа на нациите.
Тој се заинтересирал за протестантската реформација, поточно Лутеранството, па така во 1558 тој го испратил во Витенберг ѓаконот Демитриј за да собере информации. Во 1559 лутеранскиот теолог Меланхтон му испратил писмо заедно со грчки превод на аугсбуршката конфесија, но без никаков ефект.[5] Некои научници предлагаат дека Меланхтоновото писмо никогаш не стигнало до Цариград.[6]
Скапоцените работи на Јоасаф, неговиот горделив однос спрема свештенството и неговото независно управување со финансиите создале многу противници во грчката заедница.[4] Главната причина за неговото депозиционирање била во врска со барањето, во 1557, од страна на Иван Грозни од Русија да биде формално прогласен за цар. Наместо да го повика синодот за решавање на проблемот, Јоасаф испратил во Русија фалсификуван синодски документ за да ја земе богатата награда само за себе. Неговата измама била откриена и тој бил симнат од престолот од страна на синодот составен од 60 епископи на 15 јануари 1565 и бил прогонет на планината Света Гора.[4]
Некое време подоцна му било дозволено од страна на Светиот синод да се врати во епархијата на Адријанопол, каде останал сè до неговата смрт.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.