највисока точка во јужниот дел на Урал, Башкортостан, Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
Јамантау (башкирски: Ямантау, „зла планина“; руски: гора Ямантау) — највисока точка во јужниот дел на планината Урал, Башкортостан, Русија. Нејзината височина изнесува 1.640 метри.
Јамантау | |
---|---|
Ямантау | |
Панорамски поглед на Јамантау (2010 г.) | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1640 м |
Координати | 54.255° СГШ; 58.102° ИГД |
Друго име | Ямантау |
Географија | |
Место | Башкортостан, Русија |
Матичен венец | Урал |
Се протега во насока север-запад, зафаќајќи ширина од 3 км, а должина од 5 км. Главни врвови се: Голем Јамантау (1.640 м.) и Мал Јамантау (1.510 м.)
Просечните годишни врнежи се движат од 700 до 1100 mm. Снежната покривка изнесува од 80 до 100 см и вообичаено останува од 180 до 205 дена. Средната температура се движи од -14(-17)°C во јануари до 9(16)°C во јули.
Од страна на САД, заедно со Косвински Камен (600 км на север), се смета дека кај него се наоѓа голема тајна јадрена постројка и/или бункер.[1] Затворениот воен град Межгорје (руски: Межгорье) се наоѓа 10 километри западно од подножјето на Јамантау.[1]
Големи активности за ископување биле забележани од американските сателити кон крајот на 1990-тите години, во текот на владата на Борис Јелцин по распаѓањето на Советскиот Сојуз.[1] Два гарнизона биле изградени на врвот, Белорецк-15 и Белорецк-16, како и можен трет, Алкино-2, кои станале затворен град Межгорје во 1995 година. Се верува дека има околу 30.000 работници во секој од нив. Постојаните американски прашања имале различни одговори од руската влада за планината Јамантау.[2] Изјавиле дека тоа бил рудник, складиште за руските богатства, склад за храна и бункер за водачите во случај на јадрена војна.[3] По прашањата за Јамантау во 1996 година, руското министерство за одбрана изјавило: „Не постои пракса во Министерството за одбрана на Русија за известување странски медиуми околу постојки, каде и да се, кои се во изградба во интерес на зајакнување на безбедноста на Русија“.[3] Постои железница која го поврзува комплексот.[3]
Планината Јамантау е близу една од неколкуте последни останати јадрени лаборатории, Чељабинск-70.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.