Јакина

село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Јакинаmap

Јакина (грчки: Ασκός, Аскос; до 1927 г. Γιακίνια, Јакинија[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.014 жители (2021).

Кратки факти Јакина Ασκός, Земја ...
Јакина
Ασκός
Thumb
Јакина
Јакина
Местоположба во областа
Thumb
Јакина
Местоположба на Јакина во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.04′N 23°23.14′E
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаСухо
Надм. вис.&10000000000000480000000480 м
Население (2021)[1]
  Вкупно1.014
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 16
Повик. бр.23950
Затвори

Географија

Селото е сместено во јужните пазуви на Богданска Планина, на 9 км јужно од Сухо и источно од Лагадина.[3]

Историја

Во османлиско време Јакина првобитно била населена со Јуруци, а потоа станала турско село со 153 куќи. Подрачјето на Јакина зафаќало 70 км2 и впрочем било збир од повеќе маала кои се сметале за одделни населби: Камбулу, Кара Исли, Меминли, Дере Махале, Прнар Баши, Џами и Чил Махале.[3] Со Букурешкиот договор во 1913 г. тој дел на Македонија потпаднал под Грција, кога селото броело 1.186 жители, сите Турци. На овој попис маалата се вбројани заедно во целината на Јакина. Во 1920 г. се забележани вкупно 1.156 турски жители, иако населението на секое маало е попишано одделно.

Повеќе информации Маало, Население ...
Маалата на Јакина со нивното население во 1920 г.
Маало Население Народност
Камбулу 212 Турци
Кара Исли (Кара Исла) 270 Турци
Меминли — (30?)
Дере Махале 76 Турци
Прнар (Прнар Баши) 360 Турци
Џами Махале 90 Турци
Чил Махале 118 Турци
Вкупно 1.156
Затвори

Напомена: Во пописот не е спомнато маалото Меминли, поради што Симовски претпоставува дека било растурено во Првата светска војна.[3] Во подоцнежните официјални сознанија се гледа дека маалото сепак продолжило да постои, што значи дека во 1920 г. е попишано, но изоставено како одделно маало; ова се гледа од фактот што недостасуваат 30 жители за да се добие вкупниот број на населението на Јакина утврден таа година.

Во 1924 населението како муслиманско е иселено во Турција, и во Јакина властите довеле Грци дојдени од Аскос (денес Јалиќој), Источна Тракија, а подоцна и понтски Грци од селото Ахтас.[4] Во 1927 г. името му е сменето во Аскос, според источнотракиското село од кое дошле првите доселени Грци.

На пописот од 1928 г. е заведено дека Јакина се состоела од маалата Камбулу, Кари Исли, Меминли и Прнар Баши, опфаќајќи вкупно 1.307 жители. Во 1940 г. е забележано дека во Јакина живееле 1.336 лица, за во 1951 г. да се зголемат на 1.802, а во 1961 на 2.143 жители.[3] Во 1971 г. населението се намалило на 1.667 лица, па повторно почнало да се зголемува, со 1.788 во 1981 и 2.012 во 1991 г.[3] Оттогаш, во следните децении бројт на жителите бележи повторен пад. лпга во 2001 г. се попишани 1.493, а во 2011 г. — 1.426 жители.

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.336 1.802 2.143 1.667 1.788 2.012 1.493 1.426 1.014
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото има површини од обработливо земјиште со плодна почва на која се произведуваат памук, пченица и други култури.

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.