Јадрена војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јадрена војна — воен судир или политичка стратегија во која јадреното оружје се користи за нанесување штета на непријателот. Јадреното оружје е оружје за масовно уништување и за разлика од конвенционалното војување, јадрената војна предизвикува уништување за многу пократко време и може да има долгорочни радиоактивни дејства. Голем јадрен судир може да доведе до радиоактивно загадување и „јадрена зима“, која може да трае со десетлетија или векови по првичниот напад.[1][2] Според некои истражувачи, ова би довело до глобален масовен глад.[3][4][5] Според други аналитичари, јадрена зима нема да следи, па дури и со јадрено оружје на нивоа на Студената војна, макар и со милијарди жртви, сепак милијарди селски луѓе би преживеале.[6][7][8][9] До денес, две јадрени оружја се користени во војна, двете од САД кон крајот на Втората светска војна. На 6 август 1945 г., ураниумската бомба „Детенце/Мало момче“ била пуштена над јапонскиот град Хирошима. Три дена подоцна, на 9 август, плутониумската бомба „Дебелко“ била пуштена над Нагасаки. Двата бомбашки напади довеле до смрт на околу 120.000 луѓе.
Војна Воена историја по доба |
---|
Епохи
Борилишта
Организација
Логистика
Списоци
|
По Втората светска војна, јадреното оружје било развиено и во Советскиот Сојуз (1949), Велика Британија (1952), Франција (1960) и Кина (1964), придонесувајќи за состојбата на судир и напнатост позната како Студената војна. Во 1974 г. Индија и во 1998 г. Пакистан, две непријателски земји меѓусебно, развиле јадрено оружје. Нашироко се верува дека Израел и Северна Кореја имаат јадрено оружје, иако не е јасно колку. Владата на Израел ниту признава ниту негира дека поседува јадрено оружје, иако има реактор и преработувачка постројка потребни за создавање јадрено оружје.[10] Јужна Африка, исто така, произвела неколку јадрени боеви глави во 1980-тите, но во 1990-тите станала првата земја што доброволно се откажала од своето јадрено оружје.[11] Јадреното оружје е пуштено над 2.000 пати за проби и демонстрации.[12][13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.