Ѓоко Лазаревски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѓокица Ѓоко Лазаревски (с. Лешок, Тетовско, 3 мај 1971 – с. Лешок, Тетовско, 23 јули 2001 ) бил македонски бранител, резервист во полиција, учесник во југословенските војни како и во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Ѓоко ќе се памети како голем херој во поновата македонска историја, кога тој и четворица другари, препуштени сами на себе, ги евакуираат успешно соселаните во соседното Жилче. Бранејќи го неродениот син, селаните и Лешочкиот манастир Лазаревски загинува од терористички истрел на 23 јули 2001 година после неколку дена отпор.[1][2]
Кратки факти Ѓоко Лазаревски, Роден во: ...
Ѓоко Лазаревски | |
---|---|
3 мај 1971 – † 23 јули 2001 (30 г.) | |
Роден во: | с.Лешок, Тетовско СР Македонија |
Починал во: | с. Лешок, Тетовско |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервист во полиција |
Единици: | СВР Тетово |
Битки/војни: | Битка за Вуковар (1991) Војна во Македонија, 2001 † Битка за Лешок (2001) |
Одличја: | Медал за храброст |
Затвори