Туберкулоза
бактериска болест на белите дробови / From Wikipedia, the free encyclopedia
Туберкулоза (сушица или офтика) — заразна болест предизвикана од микобактеријата Mycobacterium tuberculosis откриена од Роберт Кох (1882) и во негова чест уште се нарекува Кохов бацил. Ако не се лекува годишно секој заболен со активна форма на болеста може да зарази 10-15 лица. Ова е болест на сиромашните, најчесто млади во продуктивниот период на животот. Покрај овој тип откриен е и bovin tip (говедски туберкулозен бацил). Болеста може да се развие непосредно после зараза во акутен облик, меѓутоа почесто се развива подоцна после заразата како субакутно, хронично, долготрајно заболување. Од ТБЦ најчесто заболуваат белите дробови, лимфните жлезди, плеврата, а поретко менингите, коски и зглобови, бубрези, гениталиите кај жената, очи, грло, кожа или црева. Туберкулозата е заболување кое претставува предизвик. Понекогаш обидот за поставување на дијагнозата наликува разрешување на детективска приказна. Но ако успее да се открие можеме да бидеме сигурни дека ќе има среќен крај. Ако пациентот има било кој од следните знаци треба да се смета како сомнително болен од туберкулоза. Кашла подолго од три недели, кашла крв, има болка во градите подолго од три недели, има треска подолго од три недели, ноќно потење, треска и покачена телесна температура, губење на апетитот и слабеење, малаксаност. Сите овие симптоми можат да се должат и на други болести но треба да се тестира спутумот. Испитувањето на спутумот е посигурно од ренгенска снимка. Дали инфекцијата ќе се развие во болест зависи од големината на инфективната доза, одбранбената способност на инфицираните лица (одбрана на домаќинот). Постојат докази дека гладувањето и потхранетоста ја намалуваат отпорноста кон болеста, исто така и пушењето и консумирање на алкохол во големи количини. Превенцијата е со давање на BSG Архивирано на 21 февруари 2009 г. вакцина и намалување на сиромаштијата и подобрување на исхраната. Лекувањето е долготрајно и треба голема стрпливост. Тоа трае 6-8 месеци со давање на туберкулостатици и хируршко лекување кај оние кај кои туберкулостативите не делуваат.
Туберкулоза | |
---|---|
Рендгенска снимка на човек заболен од туберколоза | |
Специјалност | Инфектологија, пулмологија |
Симптоми | Хронична кашлица, треска, крвав спутум, губење на телесна тежина[1] |
Причинители | Mycobacterium tuberculosis[1] |
Ризик-фактори | Пушење, ХИВ/СИДА[1] |
Дијагностички метод | Рентген на бели дробови, култура, туберкулин кожен тест[1] |
Диференцијална дијагноза | Некротизирачка пневмонија, хистоплазмоза, саркоидоза, кокцидиоидомикоза[2] |
Третман | Антибиотици[1] |
Честота | 33% од луѓето[1] |
Смртни случаи | 1.3 милиони (2016)[3] |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Се смета дека една третина од светското население е заразено со TB.[1] Новоинфицирани се околу 1% од населението секоја година.[4] Во 2016 година, имало повеќе од 10 милиони случаи на активна TB што резултирало со 1.3 милиони смртни случаи.[3] Ова ја прави туберкулозата една од најголемата причина за смрт од инфективните болести.[3] Повеќе од 95% од смртните случаи биле во земјите во развој, и повеќе од 50% од случаите биле во Индија, Кина, Индонезија, Пакистан и Филипините.[3] Бројот на нови случаи од 2000 година се намалува секоја година.[1]