Срцева слабост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Срцева слабост (heart failure), општо позната како конгестивна срцева слабост (congestive heart failure) се дефинира како неспособност на срцето да пумпа доволно количество на крв со цел да ги задоволи потребите на организмот. Срцевата слабост може да предизвика бројни симптоми како што се: тешко дишење, отекување на нозете, и нетолерантност на физички напор. За да се дојде до дијагноза се прави ехокардиографија и се зема крвна слика. За да се излечи обично е потребна промена во животниот стил (како откажување од пушење, лесни вежби со регулирано дишење, намалена конзумација на сол и други промени во дијетата), потоа со лекови, а понекогаш со уреди па дури и операција.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Срцева слабост | |
---|---|
Синоними | Хронична срцева слабост (CHF), конгестивна кардијална слабост (CCF)[1][2][3] |
Знаци и симптоми на сериозна срцева слабост | |
Специјалност | Кардиологија |
Симптоми | Отежнато дишење, замор, оток на нозете |
Времетраење | Доживотно |
Причинители | Миокарден инфаркт, хипертензија, аритмија, прекумерен внес на алкохол, инфекција, оштетување на срцето |
Ризик-фактори | Пушење, седечки животни навики |
Дијагностички метод | Ехокардиограм |
Диференцијална дијагноза | Бубрежна болест, штитна болест, хепатална болест, анемија, гојазност |
Лекови | Диуретици, АКЕ инхибитори, бета блокатори |
Честота | 40 милиони (2015), 1–2% од возрасните (во развиените земји) |
Смртни случаи | 35% ризик од смрт во првата година |
Најчести причини за срцева слабост се миокардијален инфаркт и други видови на исхемична срцева болест, хипертензија, валвуларна срцева болест, и кардиомиопатија. Поимот „срцева слабост“ понекогаш погрешно се користи да се опишат други состојби поврзани со срцето, како миокардијален инфаркт (срцев удар) или срцев напад, што може да предизвикаат срцева слабост, но не се еквивалент на тоа.
Срцева слабост е честа состојба, која може да биде исцрпувачка, а понекогаш и смртоносна. Во развиените земји, околу 2% од возрасните страдаат од срцева слабост, но кај тие со над 65 годишна возраст, процентот се зголемува на 6-10%.