Јазици на Индија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јазиците во Индија припаѓаат на неколку јазични групи, а најголемите од нив се индоевропските јазици, индоариските (кои ги зборуваат 72% од Индијците) и дравидските јазици (кои ги зборуваат 25% од Индијците). Другите јазици кои се зборуваат во Индија им припаѓаат на австро-азијатски, тибето-бурмански и неколку ситни јазични групи и изолирани јазици.
Главен службен јазик на Република Индија е стандардниот хинди, додека пак англискиот е втор службен јазик. Уставот на Индија вели дека „службен јазик на Унијата ќе биде хинди со писмото деванагари.“ Ниту Уставот на Индија ниту индиските закони не одредуваат национален јазик, што е поддржана одлука од страна на високиот суд. Но, јазиците наведени во Осмиот распоред на индискиот устав се нарекуваат, без правна основа, национални јазици на Индија.
Поединечните мајчини јазици во Индија бројат неколку стотици, според пописот од 1961 се разликуваат 1.652 јазици (според 415 списоци на „Етнолог“). Според пописот на Индија од 2001 година, 29 јазици зборуваат повеќе од еден милион говорители, 122 повеќе од 10.000. Три милениуми на јазичен контакт довеле до значително меѓусебно влијание помеѓу четирите јазични групи во Индија и Јужна Азија. Два контактни јазици одиграле важна улога во историјата на Индија. Тоа се персискиот и англискиот.