Принц Филип (војвода од Единбург)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Принц Филип (10 јуни 1921 , Крф[1][3] — 9 април 2021 , Виндзор) — сопруг на кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета II.
Кратки факти Принц Филип, На позиција ...
Принц Филип | |
---|---|
Принцот Филип во 1992 година | |
На позиција | 6 февруари 1952 – 9 април 2021 (&1000000000000007200000072 години и &10000000000000120000000120 дена) |
Војвода од Единбург | |
На позиција | 20 ноември 1947 – 9 април 2021 (&1000000000000007600000076 години и &10000000000000198000000198 дена) |
Сопружник | Елизабета II |
Деца | Чарлс Ана Принц Ендрју Едвард |
Династија | Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург |
Татко | Принц Андреј |
Мајка | Алиса Батенберг |
Вероисповед | англиканство претходно. православие |
Потпис | Принц Филип's signature |
Затвори
Филип бил син на принцезата Алиса Батенберг и принцот Андреј, кој пак е четврти син на грчкиот крал Георги I и Олга Константиновна. Во текот на Втората светска војна, Филип учествувал во служба на британската морнарица. Тој склучил брак со тогашната принцеза Елизабета во 1947 година. По свадбата ја добил титулата принц Филип, Војвода од Единбург. Една година подоцна се родило и нивното прво дете, принцот Чарлс. Потоа во 1950 година се родила Ана, во 1960 Принц Ендрју и во 1964 Едвард.
Неговата сопруга на британскиот престол се качила во 1952 година, по неочекуваната смрт на Џорџ VI, нејзиниот татко.