Мермер
вид камен / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мермер[1][2] (од старогрчки: μάρμαρος = „бел, блескав камен“) или мрамор[3][4] — метаморфна карпа составена од рекристализирани карбонатни минерали, претежно калцит или доломит. Се ископоува во каменоломи и наоѓа особена примена вајарството и архитектурата.
Од особена важност се наоѓалиштата на мермер во Македонија е Сивец (Прилепско) и Горна Баница (Гостиварско). „Сивец“ (наречен според ридот) е меѓу најпознатите и најбараните мермери на светот. Од него се изработени многу домашни и светски споменици и градби низ сите периоди. Еден пример од антиката се градбите во Хераклеја кај Битола.[5] Постојат повеќе наоѓалишта на мермер во разни краишта на Македонија.