Малави
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малави, официјално Република Малави (МФА: malaβi, поранешен Њасаленд) е демократска, густо населена република во Јужна Африка. Се протега на 500 километри во правец север-југ и се граничи со Замбија на северозапад, Танзанија на север, и со Мозамбик на исток, југ и запад. Потеклото на името Малави сѐ уште е нејасно; се верува дека потекнува или од јужните племиња, или се однесува на „сјаењето на сонцето над езерото“ (како на знамето).
Република Малави Chalo cha Malawi, Dziko la Malaŵi
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Единство и слобода | ||||||
Химна: Mulungu dalitsa Malaŵi (њанџа) „Боже благослови ја земјата наша Малави“[1] |
||||||
Главен град (и најголем) | Лилонгве 13°57′S 33°42′E | |||||
Службен јазик | англиски њанџа[2] |
|||||
Народности (2008) | Чева 32,6% Ломве 17,6% Јао 13,5% Нгони 11,5% Тумбука 8,8% Њанџа 5.8% Сена 3,6% Тонга 2,1% Нгонде 1% останати 3,5% |
|||||
Демоним | Малавијци | |||||
Уредување | Повеќепартиска демократија | |||||
• | Претседател | Lazarus Chakwera | ||||
• | Заменик-претседател | Saulos Chilima | ||||
Независност | ||||||
• | од Велика Британија | 6 јули 1964 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 118,484 км2 (99-та) | ||||
• | Вода (%) | 20.6% | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2010 г. | 14.901.000 [3] (64) | ||||
• | Попис 1998 | 9.933.868 | ||||
• | Густина | 128.8 жит/км2 (86-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $12,980 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $827[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $5,053 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $322[4] | ||||
Џиниев коеф. (2008) | 38 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.414[5] низок · 174та |
|||||
Валута | квача (D) (MWK ) |
|||||
Часовен појас | CAT (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | не се применува (UTC+2) | ||||
Се вози на | left | |||||
НДД | .mw[2] | |||||
Повик. бр. | +265[2] |
Земјата нема излез на море, но излегува на езерото Малави, или Њаса, трето по површина езеро во Африка, кое опфаќа околу петтина од површината на земјата и кое има 8 притоки и стотици водни текови. Ова езеро е дел од Долината на Големиот Гребен и се протега речиси на целата источна граница на државата.
Малави има површина од 118.484 км2 и проценето население од 19 431 566 (од јануари 2021 година).[6] Главен град е Лилонгве, а други поголеми градови се Блантаир, Зомба итн. Најбројно население е Малави, но има и други племиња, како Макуа, Ломбе и др. Се зборуваат неколку јазици, а најраспространет е чеванскиот јазик. Религијата е претставена со анимизам, тотемизам, христијанство и ислам. Службен јазик е англискиот.
До 1964 година Малави бил британска колонија под името Њасаленд. Во првите триесет години со земјата владеел прозападниот и авторитарен Хејстингс Банда, а во 1994 се одржани првите повеќепартиски избори за претседател и парламент, на кој Банда бил симнат од власт.
Малави е една од најмалку развиените земји во светот. Економијата во голема мера се заснова на земјоделството. Главен извозен производ е тутунот. БДП за 2004 е проценет на 600 американски долари по жител, мерено по индексот на куповна моќ.
Малави има ниско очекувано траење на живот и висока смртност на новороденчиња. Многу е распространет вирусот ХИВ/СИДА кој од една страна ја намалува бројноста на работната сила, а од друга страна предизвикува зголемување на државните расходи.