Клише
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клише – израз, мисла или дел од уметничко дело кој се премногу се користи, па го изгубил изворното значење или впечаток, па дури и дошол до точка да досадува или нервира, посебно ако некогаш се сметал за значаен или оригинален.[1]
Изразот „клише“ денес често се користи за мисли и постапки кои се очекувани и предвидливи. Клишето обично се омаловажува, иако може да биде и вистинито. Некои клишеа се стереотипи, додека некои едноставно се факти. Често се користат заради комичниот ефект, особено во книжевноста.
Салвадор Дали немал милост спрема клишеата: „Првиот човек кој ги споредил девојчините образи со ружа очигледно бил поет, а првиот кој тоа го повторил веројатно е идиот.“ [2] Меѓутоа, ни тој притоа не бил оригинален, бидејќи всушност го парафразирал Жерар де Нервал: „Првиот човек кој ја споредил жената со ружа бил поет, а вториот бил имбецил.“ [3]
Клишето често отсликува некоја апстракција, базирајќи се на аналогија или претерување заради впечаток, а често се темели на секојдневието. Користењето на клишеата во пишувањето, говорот или расправа, се смета за знак на неискуство или недостаток на оригиналност.