Елизабета Боуз-Лајон
жена на кралот Џорџ VI и мајка на кралицата Елизабета II / From Wikipedia, the free encyclopedia
Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон (англиски: Elizabeth Angela Marguerite Bowes-Lyon; 4 август 1900 г.-30 март 2002 г.) била жена на кралот Џорџ VI и мајка на кралицата Елизабета II. Таа била кралица на Обединетото Кралство од моментот кога нејзиниот сопруг седнал на престолот во 1936 година па сè до неговата смрт во 1952. По смртта на нејзиниот сопруг таа е позната како Елизабета кралица мајка, за да не дојде до забуна со нејзината ќерка, кралицата Елизабета. Таа била последната владетелка на Индија.
Елизабета Боуз-Лајон | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Ричард Стоун, 1986 | |||||
Кралица-консорт на Обединетото Кралство и британските доминиони | |||||
На позиција | 11 декември 1936 – 6 февруари 1952 | ||||
Крунисување | 12 мај 1937 | ||||
Царица-консорт на Индија | |||||
На позиција | 11 декември 1936 – 14 август 1947 | ||||
Роден(а) | 4 август 1900(1900-08-04) Лондон или Хичин, Обединето Кралство | ||||
Починал(а) | 30 март 2002(2002-03-30) (возр. 101) Виндзор, Обединето Кралство | ||||
Почивалиште | 9 април 2002 Меморијална капела на Џорџ VI, Капела Свети Џорџ, Виндзор | ||||
Сопружник | Џоџ VI | ||||
Деца |
| ||||
| |||||
Династија | Куќа на Виндзор (со брак) | ||||
Татко | Клод Боус-Лион | ||||
Мајка | Сесилија Боус-Лион |
Била родена во британска благородничка фамилија како Елизабета Боуз-Лајон, а кога во 1904 година нејзиниот татко ја наследил титулата гроф таа станала позната како леди Елизабета Боуз-Лајон. Посебно се истакнала по бракот со Алберт, војвода од Јорк, втор син на кралот Џорџ V и кралицата Мери во 1923 година. Како војвотка од Јорк, заедно со нејзиниот сопруг и двете ќерки Елизабета и Маргарет, отелотворила традиционални семејни идеи и државни служби. Многу јавни ангажмани ги презела во свои раце и станала позната како „насмевнатата војвотка“ како резултат на нејзиното јавно изразување.
Во 1936, нејзиниот сопруг ненадејно станал крал кога неговиот брат, Едвард VIII, се повлекол за да се ожени со разведената американка Валис Симпсон. Кралицата Елизабета го придружувала нејзиниот сопруг на дипломатска турнеја во Франција и Северна Америка пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната, нејзиниот навидум нескротлив дух овозможил морална поддршка на британската публика. Во признавањето на нејзината улога како средство на британските интереси, Адолф Хитлер ја опишал како „најопасната жена во Европа“.
По војната здравјето на нејзиниот сопруг се влошило и на 51 година таа останала вдовица. Со смртта на нејзината свекрва, кралицата Мери, во 1953 година, живеејќи во странство со нејзиниот зет и нејзината постара ќерка, кралицата, на 27 годишна возраст, Елизабета станала главен член на британското кралско семејство и презела позиција на семеен матријарх. Во нејзините подоцнежни години, постојано била популарен член на фамилијата и покрај тоа што останатите челнови страдале поради неодобрувањата од јавноста. Таа продолжила да води активен јавен живот неколку месеци до нејзината смрт на 101 година, седум недели по смртта на нејзината помлада ќерка, принцезата Маргарет.